Македонија
Војнович: Македонија и Грција мора да најдат компромис во најскоро време

Во Владата на Република Македонија премиерот Никола Груевски се сретна со американскиот сенатор од Охајо републиканецот Џорџ Војнович и сенаторката од редовите на редовите на демократите Џин Шахин.
Во Владата на Република Македонија премиерот Никола Груевски се сретна со американскиот сенатор од Охајо републиканецот Џорџ Војнович и сенаторката од редовите на редовите на демократите Џин Шахин.
„Со премиерот Груевски разговаравме за изнаоѓање на решение за спорот со името. Преговорите со Грција се важни за иднината на Македонија. Сметам дека ќе мора да се направи нешто релативно брзо, ако се земе во предвид финансиската состојба во Грција. Се сретнав со грчкиот претседател Папандреу, кога бев во посета на Атина по неговото избирање и тој ми рече дека Грција има искрена желба за изнаоѓање на решение. Мора да се најде некаков компромис за да може Македонија да стане член на ЕУ и НАТО“, изјави Војнович по средбата со Груевски.
Војнович изрази надеж дека секој напор за решавање на спорот ќе биде направен колку што е можно поскоро.
Тој додаде дека на средбата му се заблагодарил на Премиерот за неизмерната поддршка која Македонија и им ја даде на НАТО, во Ирак и во Авганистан.
„Ние сакаме да дадеме поголема поддршка за да се продолжи со решавање на грчко-македонското прашање“, истакна Шахин, која додаде дека посетата на Македонија е бидејќи САД се грижи за земјата, за Европа и Западен Балкан.
Таа подвлече дека овие се тешки предизвици за Македонија, но дека е важно да се преговара и да се најде излез од оваа ситуација за да може Македонија да оди напред и да стане член на НАТО и ЕУ. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Церемонија на свечено менување на државното знаме пред претседателската вила во присуство на основци од Скопје

Ученици од скопските основни училишта „Ѓорѓија Пулевски“, од општина Аеродром, „Св. Климент Охридски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода, денеска го посетија Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Придружени од своите наставници, учениците ја проследија свечената церемонија на менување на државното знаме. Оваа церемонија се одржува секој втор петок во месецот и се реализира од Баталјонот за почести при македонската армија како израз на почит кон македонското знаме, како државен симбол.
По завршувањето на свечениот чин, младите посетители ги разгледаа просториите на Кабинетот и разговараа со претседателката за нејзините работни обврски, но и за личниот живот, почнувајќи од детството, школските и студентски денови, како и професорската кариера.
Во разговорот со учениците, претседателката ги охрабри да учат и да веруваат во себе, да го почитуваат знаењето, оти тоа ќе ги направи компетитивни, сигурни и успешни.
Македонија
Авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Согласно добиено известување од Град Скопје- Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи -Скопје информира дека на ден 11.05.2025 година (Недела) во раните утрински часови ќе се изврши Авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во ист термин, велат надлежните.
Се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав XIV: Вашата служба да донесе обнова и зацврстување на верата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати писмо со честитки до новиот папа Лав XIV.
„Со голема радост и синовска љубов ја примив веста за Вашиот избор за Петров наследник и Пастир на Универзалната Црква. Од името на верниот Божји народ на Католичката Црква во Македонија, свештенството и монаштвото, како и од мое лично име, Ви го честитам изборот и воедно благодарам што ја прифативте оваа одговорна и света служба, свесни за сите предизвици со кои се соочува Христовата Црква.
Сигурен сум дека со мудроста што Ви е дарувана преку Вашето мисионерско искуство, пасторалната грижа и верноста кон Евангелието, водени од Светиот Дух ќе управувате со коработ Петров – Црквата, низ немирното море, за доброто на целиот Божји народ.
Од Македонија, портата од каде што Свети Павле го пренесе христијанството низ цела Европа, од просторите од каде што потекнуваат светите браќа Кирил и Методиј и од родниот град на света Мајка Тереза, Ви ја ветувам мојата лична молитва, како и молитвите на целиот Божји народ во Македонија, со желби Вашата служба да донесе обнова и зацврстување на верата, единство меѓу христијаните и мир во целиот свет“, напиша бискупот Стојанов.