Контакт

Свет

Италија против либиското сценарио за Сирија

Објавено пред

Шефот на италијанската дипломатија Џулио Терци се спротистави на примена на либиското сценарио за Сирија, верувајќи дека режимот на Башар ал-Асад ја губи поддршката, како во земјата, така и на меѓународно ниво.

dobivaj vesti na viber

„Либиската операција мораше да биде преземена, за да се спречи геноцидот … Сепак, имајте предвид дека либиската интервенција во никој случај не е модел за повторување“, рече италијанскиот министер за надворешни работи, Џулио Терци во интервјуто за италијанскиот дневен весник Panоrаma објавено во четвртокот.

Терзи вели дека се одбројуваат деновите на опстојувањето на власта на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

„Асад сега ја губи позицијата дури и меѓу неговите приврзаници во Сирија, кои осознаваат дека тој им нанесува штета“, вели шефот на италијанската дипломатија. Според Терци, сирискиот лидер продолжува да ја спроведува политиката на ескалација на насилството во неговата земји и „сега се обидува да ја пренесе дестабилизација надвор од нејзините граници“.

Терци, исто така, истакнува дека ставовите кон режимот на Асад јасно се променити во последната година во меѓународни рамки, особено по инцидентот со турскиот воен авион кој беше соборен од сирискиот систем за воздушна одбрана. Министерот, особено, се повикува на своите неодамнешни средби во Либан, на кои му било кажано дека „Асад дошол до точката од која нема враќање“.

„Верувам дека меѓународната осуда за уривањето на турскиот борбен авион даде многу важен сигнал. Сега дури и руската страна се предомисли во поглед на поддршката на режимот. Кога Москва и официјално ќе истапи против Асад, мислам, и опозицијата од страна на Кина ќе престане“, вели Терци.

Министрите за надворешни работи на петте постојани членки на Советот за безбедност, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, на земјите од Блискиот исток, Турција, и на другите светски меѓународни организации, во Женева на 30-ти јуни се договорија за принципите за решавање на ситуацијата во Сирија. Тие вклучуваат формирање преодна влада во земјата, со учество на сите партии и целосна извршна власт, според новиот план на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, поранешниот челник на светската огранизација, Кофи Анан.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров рече дека барањата на Западот за повлекување од власта на сирискиот претседател Башар ал-Асад се бесмислени, бидејќи шемата според којашто претседателот Асад мора да си замине пред преземање каков и да е чекор во смисла на ставање крај на насилството и започнувањето на политичкиот процес, е нефункционална.

Тезата за неопходноста од некои личности да бидат исклучени од мировниот процес, која првично беше предложена во завршниот документ на средбата во Женева, беше повлечена по барање на руската страна. Москва, исто така, повеќепати изјави дека нема да го дозволи повторувањето на ткн либиско сценарио за Сирија, заземајќи го цврстиот став дека Сиријците мора самите да одлучуваат за судбината на својата земја, без надворешно мешање, и во рамките на широк политички дијалог.

Во интервјуто за Panorama, министерот за надворешни работи на Италија, Терци се спротивстави на операцијата за снабдување со оружје на сириската опозиција. „Италија никогаш нема да ги и не ги поддржува исламистичките групи присутни во Сирија, ниту ќе ја вооружува опозицијата“, истакнува Терци.

Шефот на италијанската дипломатија за весникот не ги коментираше тврдењата на The New York Times, според кои Вашингтон преку Централната разузнавачка агенцијa CIA презел чекори за вооружување на бунтовниците во Сирија. „Ги читав тие написи, но немам добиено непосредна потврда за тоа“, вели Терци./крај/мф/сн

Европа

Батлер на Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Објавено пред

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а потоа обид за продажба преку интернет. Тој е еден од тројцата уапсени во скандалот што ја потресе официјалната резиденција на францускиот претседател, а украдените предмети се проценуваат на вредност од 40.000 евра, објавува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Истражителите уапсија еден маж и двајца соучесници минатата недела. Властите беа предупредени за исчезнувањето на предметите, од кои некои се сметаат за национално богатство, од главниот инспектор на палатата. Повеќето од парчињата доаѓаат од познатата фабрика за порцелан „Севр“ во Париз, која е во државна сопственост од 1759 година. Истрагата беше покрената откако вработените во фабриката препознаа некои од исчезнатите предмети на веб-страници за онлајн аукции како што е „Винтед“.

Според истражителите, сметката на осомничениот во „Винтед“ вклучувала плочка со печат „Француски воздухопловни сили“ и пепелници означени како „Sèvres Manufactory“, предмети што вообичаено не се достапни за јавноста. При претресот на неговиот дом, возило и личен шкафче биле пронајдени околу стотина предмети, вклучувајќи порцелан Севр, статуа од Рене Лалик, чаши за шампањ „Бакара“ и бакарни садови.

Улогата на главниот сребрар вклучува чување и грижа за сребрениот прибор што го користат претседателите и достоинствениците. Обвинителите изјавија дека инвентарните листи што ги водел уапсениот сребрар сугерираат дека тој планирал идни кражби. Тој и неговите соучесници беа изведени пред суд пред четири дена, а нивното судење е закажано за 26 февруари следната година.

Тие беа ставени под судски надзор, им беше забрането да контактираат едни со други, да посетуваат аукциски куќи и да се занимаваат со професионални активности. Пронајдените предмети беа вратени во Елисејската палата, што е посреќен исход од Лувр, на кој сè уште му недостасуваат кралски накит во вредност од 88 милиони евра по грабежот преку ден во октомври. Четири осомничени се уапсени во врска со случајот.

Случајот е само најновиот во низата кражби што ги погодија престижните француски институции. Во септември беше ограбен Природонаучниот музеј во Париз, каде што исчезна злато во вредност од околу 1,5 милиони евра, како и Музејот на порцелан во Лимож, кој изгуби кинески порцелан во вредност од 6,55 милиони евра. Во октомври, околу 2.000 златни и сребрени монети во вредност од околу 90.000 евра беа украдени од музејот „Мезон де Лумиер“ во Лангр.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд.

dobivaj vesti na viber

„Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Белата куќа и претставниците на Ландри не одговорија веднаш на барањата за коментар, објави Ројтерс.

Џеф Ландри е американски политичар од редовите на Републиканската партија и актуелен гувернер на сојузната држава Луизијана. Претходно, тој беше државен обвинител на таа сојузна држава со години, а беше и конгресмен во Претставничкиот дом на САД.

Тој е национално препознатлив првенствено како еден од најтврдите конзервативци на југот од земјата. Ландри се здоби со политички профил преку теми како што се силното противење на абортусот, отфрлањето на федералните регулаторни овластувања, отпорот кон климатските политики и нагласувањето на „законот и редот“.

Тој го поддржуваше Трамп дури и по изборите во 2020 година и учествуваше во правни и политички иницијативи со кои републиканците ги оспорија потезите на администрацијата на Бајден. Трамп јавно го поддржа во трката за гувернер.

Прикажи повеќе...

Свет

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Објавено пред

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.

dobivaj vesti na viber

Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.

 Назим Авдиу и сопругата на Шкелзен ги загубија животите на местото на Настанот, додека Шкелзен се здоби со тешки повреди.
Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет10 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија14 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија16 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ19 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија21 час

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија21 час

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет23 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ3 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија3 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија3 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија3 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија3 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...