Свет
Турција го предупреди Израел на „непоправливи“ последици од нападот
Турција го предупреди Израел на „непоправливи“ последици за билатералните односи, по израелскиот напад на флотата што превезуваше помош во Газа, а во чиј состав има и два турски брода
Турција го предупреди Израел на „непоправливи“ последици за билатералните односи, по израелскиот напад на флотата што превезуваше помош во Газа, а во чиј состав има и два турски брода.
Најмалку 15 луѓе загинаа откако израелската морнарица го нападна хуманитарниот конвој со 10 илјади тони хуманитарна помош, предводен од турски брод на кој имало околу 700 волонтери од триесетина држави.
„Силно го осудуваме овој израелски нехуман потег“, соопшти турското министерство за надворешни работи.
Во соопштението се додава дека инцидентот што се случил на отворено море, претставува кршење на меѓународното право и може да има непоправливи последици за билатералните односи“.
Турција по нападот на конвојот, го повика израелскиот амбасадор во Анкара во министерството за надворешни работи, каде ќе му биде врачена „најостра протестна нота“.
Потпретседателот на турската влада Булент Аринц свика итен состанок со министерот за внатрешни работи, командантот на морнарицата и командантите на воените операции.
Министерот за одбрана на Турција Веџди Ѓонул, поради инцидентот, го прекина учеството на регионалната конференција во Битола.
Турската полиција ги зајакна безбедносните мерки околу израелската амбасада во Анкара, каде веќе се собраа десетици демонстранти./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

