Свет
Кумановскиот комбинат бара репрограмирање на долговите
Тутунскиот комбинат “Боро Петрушевски – Папучар° од Куманово деновиве доби нов главен менаџер.
“Боро Петрушевски – Папучар“ од Куманово доби нов главен менаџер
Станува збор за група луѓе, меѓународна бригада дојдена да му стави клуч на кумановскиот Тутунски комбинат, вели Данило Јаневски
СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ
КУМАНОВО; – Тутунскиот комбинат “Боро Петрушевски – Папучар° од Куманово деновиве доби нов главен менаџер. На чело на Бордот директори одиnbsp; сопственикот на комбинатот, Василис Морфопулос,иnbsp; именуван е Јордан Трајков од Кавадарци, кој извесно време работел како експерт во Сити банк во Њујорк. Извори од Тутунскиот комбинат информираат дека на првата средба со членовите на Бордот и работниците, кавадарчанецот изјавил дека не доаѓа со чекмеџе полно со пари за да ги намири огромните долгови на фирмата и да им ги исплати заостанатите петнаесет плати на работниците, туку да се ангажира за спасување на она што можеби може да се спаси. Овие наводи во вчерашниот разговор за “Утрински° ги потврди и финансискиот директор на менаџерскиот тим на комбинатот, Богољуб Милосавлевиќ. “Во изминативе денови подготвивме комплетна документација со која го поткрепуваме барањето до Владата, односно до министерствата за финансии и за економија долговите спрема државата да се репрограмираат за наредните пет години, периодот за кој сметаме дека комбинатот целосно ќе се санира и ќе застане на цврсти нозе. Одговор од Владата очекуваме најдоцна до крајот на годинава°, вели Милосавлевиќ. Според него, производството во изминатите шест-седум месеци постојано се одвивало со долги прекини поради зачестени блокади на жиро-сметката од страна на Управата за јавни приходи, поради што и платите моментално се во задоцнување од 2,5 месеца. Од тие причини стои во место и одлуката на Бордот директори за воведување два нови бренда цигари – “ксенија° и “романов°. Во интерес на вистината, двајцата идејни творци на овие брендови, Украинецот од Израел, Виктор Бенкнан, и Пуниша Лучиќ од Пале кај Сараево се отстранети од Бордот директори и неофицијално, сега се тужат со комбинатот.
“Сето тоа е лук и вода°, тврди поранешниот претседател на Управниот одбор на комбинатот, Данило Јаневски, кој останува на уверувањето дека “станува збор за група луѓе, меѓународна бригада дојдена да му стави клуч на кумановскиот Тутунски комбинат°. Тој останува на тврдењето дека “деветчлената група луѓе под форма на бордиnbsp; директори редовно примаат плата од по 2,5 илјади евра, и ги лажат работниците дека се спасители на комбинатот°. Финансискиот директор Богољуб Милосавлевиќ не го оспорува овој факт, меѓутоа тврди дека платите на деветтемина директори се исплатуваат со пари од американскиот газда Морфопулос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА
Свет
„Нашите црвени линии не се тема за расправа“ – порака на данската премиерка од Брисел
Данската премиерка Мете Фредериксен пристигна на вонредниот самит на Европска унија.
На почетокот им се заблагодари на другите земји членки за поддршката.
„Кога Европа не е поделена, кога стоиме заедно, јасно и силно, вклучително и со подготвеност да застанеме во одбрана на самите себе, резултатите се видливи“, изјави таа.
Истакна дека Данска сака да најде решение и дека побарала посилна вклученост на НАТО во арктичкиот регион, додавајќи дека сите во НАТО се согласуваат со тоa.
„Потоа, на потрадиционален политички и дипломатски начин ќе разговараме со Соединети Американски Држави за билатералниот однос меѓу Кралството Данска и САД“, рече таа.
Притоа повтори дека Данска има свои црвени линии.
„Ние сме суверена држава и за тоа не можеме да преговараме“, порача таа, додавајќи дека Данска е отворена за разговори за зајакнување на соработката во арктичкиот регион.
„Секако дека сме подготвени да соработуваме со САД, како што отсекогаш сме правеле кога станува збор за безбедноста, но нашите црвени линии, кои воедно се и нашите демократски правила, не можат да бидат предмет на расправа“, нагласи Фредериксен.
На прашањето дали и понатаму ѝ верува на американската администрација, таа накратко застaна и дипломатски одговори: „Соединетите Американски Држави се наш близок партнер веќе многу години, но мора да соработуваме врз основа на меѓусебно почитување, без закани. Затоа, секако, се надевам дека ќе најдеме политичко решение во рамките на демократијата.“
Во речиси секој одговор таа повторно ги нагласи данските црвени линии поврзани со суверенитетот.

