Свет
Цунамито дојде до брегот на Америка, не предизвика штета
Големиот воден бран кој се појави како резултат на вчерашниот силен земјотрес во Јапонија, го премина Тихиот океан и дојде до брегот на Северна и Јужна Америка, но не предизвика поголема материјална штета, пренесуваат агенциите.
Големиот воден бран кој се појави како резултат на вчерашниот силен земјотрес во Јапонија, го премина Тихиот океан и дојде до брегот на Северна и Јужна Америка, но не предизвика поголема материјална штета, пренесуваат агенциите.Илјадници луѓе ги напуштија своите домови по должината на источниот пацифички брег за да го избегнат цунамито создадено поради земјотресот во Јапонија, во кој според последните податоци загинаа и исчезнаа најмалку 1 400 луѓе.Бранот ја загуби својата енергија на патот преку големиот океан, па во Америка предизвика само помали штети во пристаништата и со поплавување на брегот. Локалните власти не сакаа да ризикуваат, па наредија евакуација на брегот, пристаништата и рафинериите, пренесува Ројтерс.Американските власти го спуштија степенот на тревога за цунами и сега на сила е само „предупредување“, со оглед дека стравот од катастрофа од поголеми размери се покажа неоснован.„Мексико повеќе не е во опасност“, порача на својот Твитер мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон.Сепак помали штети на инфраструктурата забележани се на Галапагос и во неколку пристаништа во Калифорнија и Орегон, каде се оштетени неколку помали бродови, бидејќи бранот достигна височина од околу два метри.Јужноамериканските земји, меѓу кои Перу и Чиле, евакуираа илјадници луѓе, но засега не се забележани поголеми штети.На Хаваи плимата беше нешто поголема од вообичаеното, но нема податоци дека некој настрадал или за било каква штета.Земјотресот од 8,9 степени, кој во петокот го погоди северисточниот брег на Јапонија, е најсилниот досега, од кога Јапонија почна да ги бележи земјотресите пред 140 години. Американскиот геолошки институт го лоцира земјотресот на 130 километри источно од Сендаи на главниот јапонски остров Хоншу. крај/хина/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

