Спорт
Прв позитивен допинг тест во Ванкувер
Руската хокеарка Светлана Терентева стана првата спортистка, позитивна на допинг тест, но Терентева нема да биде казнета, бидејќи ја земала супстанцата пред почетокот на олимпискиот период.
Руската хокеарка Светлана Терентева стана првата спортистка, позитивна на допинг тест, но Терентева нема да биде казнета, бидејќи ја земала супстанцата пред почетокот на олимпискиот период.
Таа користела благ стимуланс наречен Туаминохептан кој не е официјално забранет според тестовите, но сепак бил во нејзиното тело на тестирањето од примерок на урина на 6 февруари.
За време на сослушувањето Терентева признала дека користела лек препишан од доктор наречен Ринофлумицил со цел да ја излечи настинката, и кој го содржел стимулансот, но престанала да го користи на 4 февруари пред тестирањето од Олимпискиот комитет.
Интернационалниот олимписки комитет соопшти дека супстанцата нема да влијае на нејзините перформанси бидејќи стимулансот би бил надвор од нејзиното тело до почетокот на првиот натпревар на руската хокеарска репрезентација на 14 февруари./крај/ес/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Почина газдата на Фиорентина, Роко Комисо
Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, почина на 76-годишна возраст, соопшти клубот од Фиренца.
„Со голема тага и заедно со неговата сопруга Катерина, децата Џузепе и Мариса и сестрите Италија и Рафаелина, објавуваме дека претседателот Роко Комисо почина. По долга борба со болеста, тој нè напушти утрово“, се вели во соопштението, пренесува Анса.
Комисо почина во САД, каде што живееше. Комисо, Италијанец натурализиран Американец, е роден во Марина ди Џоцо Јоника (Калабрија) на 25 ноември 1949 година.
Тој е сопственик на Фиорентина од летото 2019 година. Под негово водство, клубот од Фиренца стигна до две финалиња на Конференциската лига и едно финале на Купот на Италија.
Спорт
Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).
Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.
Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.
Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.
Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.
Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos

