Свет
Иран потврди дека тестирал ракети во Индискиот Океан
Иран во саботата објави дека на почетокот од годината извршил два теста на проектили „со долг дострел“ во Индискиот Океан, пренесува Reuters.
Иран во саботата објави дека на почетокот од годината извршил два теста на проектили „со долг дострел“ во Индискиот Океан, пренесува Reuters.
„Во текот на месецот Бахман (од21 Јануаридо 19 февруари), две ракети со дострел до 1. 900 километри беа лансирани од покраината Семнан (во северен Иран) во центарот на Индискиот Океан“, го цитира Reuters командантот на еднa од елитните единици Воздухопловниот-вселенски корпус на Гардата на исламската револуција на Иран, Амир Али Хаџизадех.Според него, ова е првпат иранските сили да извршат тестирање на овие проектили во Индискиот Океан.За какви типови ракети станува збор, меѓутоа не се вели во изјавата на Хаџизадех. Исто така, согласно класификацијата на ракетите според дострелот врз основа на советско-американскиот договор од 1987 година, се чини дека сепак станува збор за ракети со среден дострел (1.000-5.500 километри).Изјавата на Хаџизадех била дадена во саботата на прес-конференција емитувана на државната телевизија на Иран.Кон крајот на јуни, Револуционерна гарда извршија лансирање на девет проектили од типот „Зелзал“, два проектили „Шахаб-1“, два „Шахаб-2“ и еден од „Шахаб-3“. По тој повод, британскиот министер за надворешни Вилијам Хејг изјави дека Иран спроведува тајни тестирања на балистички проектили и лансери на проектили, спротивно на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тогаш, претставници на иранското министерство за надворешни работи ги негираа овие тврдења./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србите објавија детали за дочекот на кинескиот претседател во Белград: „Вучиќ ќе му служи српски вина“
Претседателот на Кина, утре пристигнува во дводневна посета на Белград, а во тек се последните подготовки за неговото пристигнување.
Тој ќе биде придружуван од делегација од 400 луѓе, а ќе го обезбедуваат 3.400 полицајци.
„Блиц“ го објави планот за неговиот пречек.
Кси на аеродромот ќе биде пречекан со свечена церемонија и фолклор. Покрај патот во Белград ќе бидат поставени кинеско-српски знамиња, а на надвозниците ќе бидат испишани пораки.
Свечен дочек ќе биде организиран и пред Палатата Србија. Српскиот и кинескиот претседател ќе потпишат триесетина договори.
За време на ручекот ќе се служат српски јадења и вина, а претседателот Вучиќ лично ќе служи Џинпинг со српски вина, од пенливи до десертни вина, од кои повеќето се автохтони српски сорти.
Девојка од Србија ќе ја отпее песната „Татковино и јас“ на кинески, додека хорот „Чаролије“ ќе ја изведе песната „Прекрасен јасмин цвет“, исто така на кинески. .
Програмата ќе заврши со песната „Ова е Србија“, објави српскиот портал.
Свет
Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета на Кина да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.
„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата, пренесе Ројтерс.
„Претседателот Си одигра важна улога во деескалирањето на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека претседателот Кси ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде таа.
Фон дер Лајен рече дека Кина може да го ограничи „неодговорното ширење“ на ирански ракети и беспилотни летала и ги повтори повиците за прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас.
„Веруваме дека Кина може да одигра важна улога во ограничувањето на неодговорното ширење на балистички ракети и беспилотни летала од страна на Иран“, изјави таа за новинарите по средбата со Кси.
Фон дер Лајен нагласи дека ЕУ не може да го апсорбира прекумерното производство на кинески индустриски стоки што го преплавуваат нејзиниот пазар.
Таа додаде дека го повикала Кси да преземе чекори за решавање на проблемот со вишокот капацитет.
„Кина која игра фер е добра за сите нас“, истакна Фон дер Лејен.
Фон дер Лајен во Елисејската палата се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг и со францускиот претседател Емануел Макрон. Кси пристигна во Франција во неделата на своето прво патување во Европа од 2019 година.
Регион
(Видео) Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија
Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година.
Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж со насилство, недозволено поседување оружје, телесни повреди, фалсификување документи, трговија со дрога и членство во криминална организација.
Во акцијата на шпанската полиција одземени се три парчиња огнено оружјо. На некои им беа избришани сериските броеви. Запленети се и сто парчиња муниција, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во кеш.
Извршени се и седум претреси, од кои пет во Естепона.
Меѓу уапсените е и водачот на криминална група по која Србија распишала потерница во 2021 година. Тој е еден од најбараните луѓе во Србија.