Спорт
Руни во првиот состав, Манчестер веќе води сo 2:0

И покрај вчерашните најави на сер Алекс Фергусон, Вејн Рунис сепак истрча меѓу првите 11-мина вечерва против минхенски Баерн во реваншот о дчетвртфиналето на Лигата на шампионите
По минхенската победа на баварците со 2:1, уште на отворањето на мечот на „Олд Трафорд“, „црвените ѓаволи“ преку Дарон Гибсон поведоа во 3-та минута, правејќи го мечот уште понеизвесен а во 6.-та преку Нани веќе ја анулираа предноста на гостите. Најдбриот играч на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, ги повреди лигаментите на крајот од мечот во Минхен и првите прогнози беа дека ќе отсуиствува од терените најмалку три седмици. Но, навјеројатно стануваше збор за дел од тактиката на Фергусон, бидејќи малку е веројатно дека би бил жертвуван недоволно закрепнатиот Руни од кого англиската репрезентација очекува многу на престојното Светко првенство во Јужна Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ферстапен ја освои Монца пред возачите на Мекларен

Холанѓанецот Макс Ферстапен, четирикратен последователен светски шампион, убедливо триумфираше во трката за Големата награда на Италија по 53 круга на патеката во Монца.
Возачот на Ред Бул водеше од почетокот до крајот, откако ја започна трката од пол-позицијата, и ја забележа 66-тата победа во својата кариера и третата во оваа сезона.
Подиумот го пополнија возачите на Мекларен, Британецот Ландо Норис ја помина целта втор, а Австралиецот Оскар Пјастри трет.
Кулминацијата на нивниот дуел се случи помеѓу 47-от и 49-от круг – Пјастри го престигна Норис кој изгуби многу време во префрлањето на меки гуми, дури 5,9 секунди, што не беше план на тимот од Вокинг.
Пјастри, лидерот во генералниот пласман, направи предност од речиси две секунди, по што дојде наредба од тимот да го пропушти Норис.
Во целта и Шарл Леклер односни=о Џорџ расел ги задржаа позициите што ги имаа на стартот, четврти и петти. Зад нив следуваа Луис Хамилтон, Алекс Албон, Габриел Бортолето, Кими Антонели и Исак Хаџар.
Најбрзиот циркус во светот се сели во Азербејџан за две недели, а пред возачите во светското првенство е градска трка низ улиците на Баку.
Спорт
Уште една сензација на Евробаскетот – Грузија ја елиминира Франција

Кошаркарите на Грузија ја победија Франција со 80:70 во натпреварот од осминафиналето на Евробаскетот, во следната рунда ќе играат против Финска, која ја елиминираше Србија.
Селекцијата на Фредерик Фоту во најголемиот тек од натпреварот ја бркаше негативата, крајот подлегна на притисокот. Избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ приредија првокласна сензација совладувајќи ги олимписките вицешампиони со 80:70.
Торнике Шенгелија и Камар Болдвин беа најефикасни во редовите на Грузија со по 24 поени. Александар Мамукелашвили го постигна 14 поени.
Французите ужасно шутира ана овој натпревар, промашија дури 29 тројки (6/35), што е најмногу откако ФИБА води статистика.
Силван Франциско постигна 14, а Гершон Јабуселе 12 поени.
foto/ EPA
Спорт
Алекс конечно го победи постариот брат во главна трка

Алекс Маркез, конечно успеа да го победи својот брат Марк во главна трка оваа сезона. Возачот на Гресини ја освои Големата награда на Каталонија. Во целта имаше подобар резултат од возачот на Дукати за 1,8 секунди. Подиумот во Катлуња го комплетираше Италијанецот Енеја Бастијани на КТМ.
Алекс Маркез во Каталуња стави крај на серијата во која се наоѓаше неговиот постар брат, Марк, кој сметајќи ги спринт и главните трки беше во серија од 15 победи. Алекс трката ја започна од пол-позицијата и водеше од почетокот до крајот. Не направи грешка каква што му се случи вчера во спринтот, кога падна на четири круга до крајот кога беше водечки во поредокот.
Третата позиција ја освои звонредниот Бастијанини, кој стартуваше од деветтото место, а на крајот заврши на подиумот.
Зад него беше тимскиот колега Педро Акоста, а возачот на Јамаха Фабиот Квартараро го освои петтото место пред Аи Огура од Трекхаус.