Спорт
Арсенал прокоцка 4:0
Саботните мечеви од 26-то коло од англиската Премиер лига, освен сензационалниот пораз на лидерот Манчестер јунајтед, донесе вкупно 41 погодок на осум натпревари
Еден од најефикасните натпревари и највозбудлив одиграа Њукасл и Арсенал. Лондонските „топчии“ на „Сент Џејмс Парк“ веќе во 26. минута водеа со 4:0, откако во 43. секунда од мечот гол постигна Тио Волкот, Јохан Џуру во 3. минута зголеми на 2:0, а Робин ван Перси во 10 и 26. минута постигна два гола и се чинеше дека со овој резултат на полувремето претстои катастрофа за домашниот Њукасл. Меѓутоа, наместо тоа претстоеше несфатлив пад во играта на гостите и демонстрација на сите квалитети кои го прават најпривлечен англискиот фудбал – упорност, храброст и пожртвуваност до последниот свиреж на судијата. Еден до пеховите на гостите се случи уште на самиот почеток од второто полувреме, во 49. минута кога Абу Диаби беше исклучен, но и со играч помалку Арсенал до 60. минута го одржуваше водството од четири голови. Во таа минута Џој Бартон намалува на 1:4, а потоа следат головите на Лион Бест во 75. минута, па повторно на Бартон од пенал во 83. и во 88. минута на Исмаел Чеик Тиоте кој ја разби гостинската згусната одбрана со силен шут од 25 метри. Треба да се напомене дека при резултат од 4:0 за Арсенал, на англиските обложувалници коефициентот дека Њукасл ќе стигне до 4:4 изнесуваше – 490!!Имајќи го предвид катастрофалното издание и поразот на водечкиот Манчестер јунајтед кај Вулвехемптон, се чини дека Арсенал направи во саботата голем пропуст испуштајчи ги трите бода да се доближи на само два бода од првото место. Третопласираниот Манчестер сити и Вест бромвич албион одиграа меч без особени возбудувања. Капитенот на „граѓаните“ аргентинскиот ас Карлос Тевез со хет-трик даде придонес во победата од 3:0. Сите три голови ги постигна во првото полувреме од кои првиот во 17. и третиот во 39. минута од пенал, а во меѓувреме во 22. минута беше прецизен и од игра. Манчестер сити останува безбеден на третата позиција со 49 бодови, еден помалку од вториот Арсенал, но има и меч повеќе, а од четвртиот Челзи кој сега има два меча помалку го делат пет бодови. ВБА падна на 16. место со 26 бодови, колку што има и следниот Виган, додека следат Бирмингем, Вест Хем и Вулверхемптон со по 24 бодови и сите ја сочинуваат групата екипи кои до крајот ќе се борат за опстанок во Премиер. Тотенхем со 2:1 го совлада Болтон. Рафаел ван дер Варт им донесе водство на „спарсите“ во 6. минута од пенал откако во шеснаесетникот Кевин Дејвис беше погоден со топката во раката при шутот на Ведран Чорлука. По само две минути подоцна Холанѓанецот ван дер Варт пвоторно шутираше од белата точка, но овојпат беше непррецизен од второто изведување, откако првиот удар кога постигна гол беше поништен од судијата. Гостите изедначија во 55. минута преку Даниел Сториџ, додека Нико Крањчар во втората минута од судиското дополнување ги обезбеди бодовите за Тотенхем. Тотенхем е на 5-та позиција со 44 бодови како и пред него Челзи, а има дури седум бодови повеќе од 6-от Сандерленд кој најверојатно тешко може да му го загрози пласманот во европските купови. Болтон пак е 8-ми со 33 бодови.На „Гудисон парк“ во Ливерпул беше одигран уште еден меч со пресврти и со осум постигнати голови. Евертон иако губеше од гостинот Блекпул со 2:3, на крајот славеше со 5:3. Овој меч го одбележаа четирите гола на францускиот интернационалец Лиус Саха кој беше прецизен во 20., 47, 75. и 83. минута, а во 80. минута водството од 4:3 за домаќините го донесе Бекфорд. Гостите на 1:1 изедначија преку Батиста во 38. минута, а потоа од 2:1 направија пресврт на 2:3 со головите на Панчон во 62. и Адам во 65. минута. Евертон сега е 13-ти со 30 бодови, а Блекпул е 15-ти со 28 бодови Седум голови беа постигнати на мечот Виган и Блекбурн. Домашните победија со 4:3 со головите на Мекарти во 35. и 56. минута, Роделејџ во 50 и Ватсон од пенал во 65. минута, додека гостите погодуваа во 23. минута преку Робертс, во 58. преку Самба и од пенал во 81. минута преку Дан. Виган освои значајни три бода во борбата за опстанок и сега има 26 бодови на 17-то место. Додека Блекбурн гравитира кон средината од табелата на 11-то место со 31 бод. Фулам на гости двапати бркаше и на крајот успеа да ја анулира предноста на домаќинот Астон вила. Домаќините поведоа со автоголот на гостите во 13. минута што го постигна Пејнтсил а дојдоа во водство од 2:1 преку Вокер во 73. минута, додека Фулам изедначуваше во 53. минута преку Џонсон и Демпси во 79. минута. Астон вила сега е 14-та со 29 бодови а Фулам остана со 12-то место со бод повеќе.Домашниот Сток сити направи пресврт во завршницата од натпреварот против Сандерленд обезбедувајќи си победа од 3:2. Сток изедначи на 1:1 преку Карју во 32. минута, откако Сандерленд поведе уште во 2. минута преку Ричардсон, а потоа поведе со 1:2 во 48 минута со голот на Гиан. Трите бода останаа во Сток благодарејќи на Хут кој поентираше во 84. минута и во третата минута од судиското дополнување. Сток сити сега е 9-ти со 33 бодови, а Сандерленд остана на 6-та позиција со 37 минути. И без двата неделни меча во кои ќе се одигра дербито во Лондон меѓу Челзи и Ливерпул и Вест хем – Бирмингем, ова е новиот рекорд и најефикасен ден во Премиер лигата со постигнати 41 погодок, или околу 5,20 по натпревар. Досега рекордниот по ефикасност ден беше 27-ми ноември 2010 г. кога беа постигнати 36 погодоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе и Камавинга го напуштија кампот на репрезентацијата
Француските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство едно коло пред крајот на квалификациите, откако остварија убедлив триумф од 4:0 над Украина.
Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните за пласманот на „триколорите“ на Светското првенство, но во меѓувреме се здоби со лесна повреда.
Станува збор за воспаление на зглобот, а со оглед на тоа што визата за САД, Канада и Мексико е веќе обезбедена, нема потреба најдобриот играч на Франција да се изложува на ризик во натпреварот од последното коло од Групата Д со Азербејџан (недела, 18.00 часот).
26-годишникот веќе се врати во Мадрид, каде што ќе се одмори и ќе ја санира повредата пред да ги продолжи клупските обврски.
Заедно со Мбапе, во Мадрид се врати и Едуардо Камавинга, неговиот соиграч од Реал.
„Камавинга претрпе истегнување на тетивата на левата нога. Мбапе сè уште страда од воспаление на десниот глужд, што бара дополнителни тестови. Тие ќе бидат подложени на нови тестови денес во Мадрид“, се вели во соопштението на Француската фудбалска федерација.
Спорт
Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар
Ландо Норис и Оскар Пјастри водат голема борба за титулата во шампионатот во Формула 1.
Двајцата се возачи на Мекларен и тоа ја прави борбата уште поинтересна. Моментално, Норис има предност од 24 поени, а до крајот на шампионатот остануваат уште три трки.
Многумина мислат дека постои големо соперништво меѓу Норис и Пјастри надвор од патеката. Сепак, младиот Австралијанец го негираше тоа.
„Ландо и јас одлично се согласуваме. Мислам дека нашиот однос никогаш не бил подобар. Причината е едноставна. Три години сме клупски колеги и секој ден се запознаваме сè подобро и подобро“, рече Пјастри.
Следната трка во шампионатот е на 22 ноември, во Лас Вегас.
Спорт
Гатузо им се налути на навивачите
Селекторот на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, остро одговори на критиките, бидејќи неговиот тим го скрши отпорот на Молдавија (0:2) во квалификациите за Светското првенство во финиошт с голови во 88-та и 93-та минута.
Додека резултатот сè уште беше 0:0 кон крајот на натпреварот, мала група италијански навивачи почна да протестира, скандирајќи им на играчите „да одат на работа“. Гатузо не се согласи со нивните критики, нагласувајќи дека тимот играл добро.
„Протестите на навивачите се срамота, жал ми е за она што го слушнав. Ова не е време да им кажуваме на играчите да одат на работа. Мора да останеме обединети бидејќи тимот се мачи на теренот, а да слушам 500 навивачи кои зборуваат секакви работи е нешто што не го прифаќам“, рече Гатузо.
Италија сè уште може, во теорија, да се квалификува за Светското првенство како победник во Група И. Тие се три бода зад Норвешка, нивниот следен и последен противник во групата, но ќе им треба многу убедлива победа (со разлика од девет гола) за да ја поништат гол-разликата. Затоа, „аѕурите“ ќе ја бараат својата шанса преку баражот.
Италијанската репрезентација последен пат учствуваше на Светското првенство во 2014 година. Ги пропушти турнирите во 2018 и 2022 година по тешките порази во плејофот од Шведска и Македонија.

