Спорт
Кошарка ЕП: Македонија оди на победа и против Словенија
Македонската кошаркарска репрезентација денеска го игра вториот натпревар од втората групна фаза на Европското првенство во Литванија, со веќе обезбедено четвртфинале, но според играчите ќе се оди на продолжување на победничката серија. Настапот на Гечевски е неизвесен.
Македонската кошаркарска репрезентација денеска го игра вториот натпревар од втората групна фаза на Европското првенство во Литванија, со веќе обезбедено четвртфинале, но според играчите ќе се оди на продолжување на победничката серија. Гечевски неизвесен за вечерва.Кошаркарите во петокот навечер го одржаа подготвителниот тренинг за натпреварот со Словенија. Вчерашниот ден и денеска претпладнето тие ги искористија за одмор и релаксација по напорните десет дена од првенството. Иако со досега постигнатиот успех направија историски исчекор во настапите на , македонските селекции на големите светски и континентални натпреварувања, тие велат дека току тој историски успех дополнително ги мотивира, па и покрај тоа што пласманот во четвртфиналето е веќе обезбеден, најавуваат продолжување на максималното залагање и борба за победа.„За нас секој натпревар на овој Евробаскет е важен и на секоја средба одиме на победа. Словенија е многу силна екипа, но и ние покажавме колку сме квалитетни. Не размислуваме однапред за четвртфиналната фаза, одиме од натпревар во натпревар и против секој противник одиме на победа“, вели селекторот Марин Докузовски за интернет страницата на Кошаркарската федерација на Македонија.Лестер Мекејлеб и Тодор Гечевски кои од мечот со Грузија излегоа со помали повреди, беа подвргнати под посебен режим. Мекејлеб веројатно ќе успее максимално да се подготви за дуелот со Словенците, додека настапот на Гечевски сé уште e неизвесен. Но и покрај тоа, од македонскиот табор велат дека расположението е на највисоко ниво и покрај заморот од густиот распоред.Македонија е прва на табелата во Групата Ф со три победи (две пренесени од Групат Ц со Грција и Финска), а Словенија се наоѓа на четвртото место со една победа и два порази (последниот од Грција во четвртокот). Натпреварот во „Сименс“ арената во Вилнус е закажан за 17 часот по македонско време. На другите два натпревара од нашата група денеска се среќаваат Грузија – Финска и Грција – Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шампионот падна во Минеаполис – Минесота ја победи Оклахома
Ноќта помеѓу петокот и саботата ни донесе низа интересни натпревари во НБА лигата, а најинтересниот натпревар се одигра Минеаполис. Минесота Тајбервулвс славеа против лидерите во Западната конференција Оклахома Тандер со 112:107, со што ја прекинаа одличната серија на актуелниот бранител на титулата.
Ниту брилијантната игра на Шеј Гилџес-Александер не беше доволна за франшизата на Оклахома триумфално да се врати од Минесота.
Актуелниот МВП го заврши натпреварот со 35 поени. Канаѓанецот немаше доволна од соиграчите, пред се од вториот најдобар играч во тимот, Џејлен Вилијамс кој постигна 17 поени, па затоа е јасно во што лежи клучот за поразот на лидерот на Западот.
Од друга страна, Ентони Едвардс, со дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока со три асистенции, беше најрасположен кај домаќините, кои и трет пат од почетокот на годината, како домаќини ја победија Оклахома.
Резултати:
Бостон – Мајами 129:116
Њујорк – Филаделфија 107:116
Атланта – Сан Антонио 98:126
Кливленд – Чикаго 125:136
Минесота – Оклахома Сити 112:107
Спорт
(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол
Шест рунди му беа потребни на британскиот тешкаш Ентони Џошуа да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол во борба која од самиот почеток беше прогласена за една од најнееднаквите во историјата на боксот.
Пол го помина поголемиот дел од борбата избегнувајќи да влезе во дуел со Џошуа, на крајот потклекна на моќта на двократниот светски шампион.
Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го нокаутира јутјуберот двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот во шестата рунда пред Џошуа да го изведе тврдиот и чист десен удар, му ја скрши вилицата на Пол, што донесе ненадеен крај на надреалната ноќ во центарот Касеја во Мајами. Иако Американецот не успеа да се стане од подот на време, во салата имаше олеснување кога стана и го напушти рингот без помош.
Anthony Joshua finally lands the knockout blow in round 6! #JakeJoshua pic.twitter.com/fLBZKhZW4Y
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) December 20, 2025
„Не беше ова мое најдобро издание“, рече 36-годишниот Џошуа. „Крајната цел беше да се нокаутира Џејк Пол и да се повреди. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десницата конечно ја пронајде својата дестинација.“
Исходот од мечот беше очекуван, а контроверзниот натпревар повторно ги отвори прашањата за безбедносните ризици создадени од таков јаз во искуството, големината и силата.
За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.
Двајцата боксери од борбата заработија по 92 милиони долари.
Foto: Profimedia
Спорт
(Видео) Болоња преку Интер до финалето на Суперкупот
Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот. Болоња во Ријад го победи Интер по изведувањето пенали со 3.2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.
Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, но тоа не успеа да го претвори во победа. Турам му донесе предност на Интер во втората минута. Болоња изедначи од пенал во 35-та минута, преку Орослини.
Во пенал серијата, во херој се претвори голманот на Болоња, Раваља. Тој ги одбрани ударите на Бастони и Бони, а Барела шутираше над голот.
Финалниот натпревар се игра в понеделник од 20 часот. Противник на Болоња ќе и биде актуелниот првак Наполи.

