Црна хроника
Велосипедист тешко повреден при судир со мотоцикл на Водно

Две лица се повредени во судир што се случи меѓу велосипедист и мотоциклист во сабота попладне на Водно.
Шеснаесет годишно момче се спуштало со велосипедот, кога дошло до директен судир со мотоцикл кој се качувал кон Средно Водно. Од силината на ударот момчето летнало во воздух и паднало неколку метри подалеку, при што заработило повеќе повреди на телото. Паднал и мотоциклистот, а двајцата биле префрлени во Ургентен центар, а момчето заради сериозноста на повредите е префрлено на КАРИЛ и лекарите се борат за неговиот живот.Полицијата изврши увид на местото на настанот, а сообраќајот беше во прекин. /крај/мф
Извор: facebook
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.