Свет
Најмалку 12 исчезнати во ексползија во Луизијана
Најмалку 12 се водат за исчезнати а седум се тешко повредени во експлзоија на нафтена платформа во Мексиканскиот залив, соопшти американската Крајбрежна стража
Ескпозлијата се случила во вторник доцна навечер по локално време, на бушотина Deepwater Horizon, на 83 километри југоисточно од градот Венис во Луизијана, изјавил офицерот Мајк Обери, спород кој огнот на палтформата гори и денеска.Според информациите на американските медиуми, во времето на експлозијата на платформата имало вкупно 126 луѓе. Крајбрежната стража соопштила дека писпратила хеликоптри од Лиузијана и Албама, за да ги евакуираат луѓето и за поптрага по исчезнатите. Исто така околу платформата морето го пребаруваат и четири бродови. Неколку лица биле хоспитализирани, мешу кои и најмлаку две кои се примени примени во подвижниот травматолошки центар, известија локалните телевизии. Компанијата сиспстевеник на платформата, Transocean Ltd. издаде во среда попладне соопштенние дека повеќето челнови од екипата која работел ана платформата биле на безбедна локалција. „Поголем дел од 126-члената екипа е на безбедно, но на некои членови во овој момент им се губи секоја трага“, соопшти компанијата кој аинаку во светот управува со 140 палтформми за бушење на морското дно во потрага по резерви нафат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Портпаролот на израелската влада не одговори дали денес започна нова војна: Израел има одговорност да ја брани својата граница
Портпаролот на израелската влада Дејвид Менцер на денешната прес-конференција одби да одговори на прашање дали денешните насилни израелски напади врз цели на Хезболах во Либан значат нова војна.
Запрашан дали сегашната состојба на конфликтот може да се нарече „трета либанска војна“, тој рече: „Од 8 октомври Хезболах не престана, ниту еден ден, да не напаѓа, ниту еден ден“.
„Ниту една земја не може да прифати безобзирно гранатирање на нејзините градови“, рече тој.
Хезболах вели дека неговите напади врз Израел се знак на солидарност со Палестинците во Газа. Друг новинар праша дали денешните напади претставуваат „објавување војна“.
Менцер рече: „Израел има одговорност да ја брани својата северна граница. Тоа е она што ние го правиме“.
Свет
Објавени фотографии од Израел: „Ја избегнавме смртта за 30 секунди и три сантиметри“
Израелската телевизија „Канал 12“ разговараше со Израелецот Дуди Јицаки, кој живее во населбата Гиват Авни во Галилеја.
Тој рече дека тој и неговото семејство биле на 30 секунди и три сантиметри од смртта кога нивниот дом бил погоден од ракета на Хезболах, која исламистичките милитанти ја лансираа денеска врз Израел како одговор на силните напади врз нивните упоришта во јужен Либан.
פגיעה ישירה בתוך בית בגבעת אבני. אין נפגעים.@guyvaron pic.twitter.com/R5Rb6v6ixC
— החדשות – N12 (@N12News) September 23, 2024
„Бев среде деловен телефонски повик надвор кога се вклучи сирената. Влегов во куќата и влегов во просторија која беше зајакната со арматура. Беа 30-ина секунди, а потоа слушнавме неверојатна експлозија. Веднаш разбрав дека ракетата ја погодила куќата“, рече тој.
Свет
Кремљ: Безбедносната архитектура на Европа се менува
Кремљ објави дека верува oти на Европа ѝ треба нова безбедносна архитектура и во иднина ќе бара многу напор.
Ова го одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека по војната во Украина, треба да се преиспитаат односите на Европа со Русија.
„Очигледно, поради фактот што безбедносната архитектура на Европа бргу се менува, неопходно е да се изгради нова безбедносна архитектура за Европа, што ќе бара многу напор во иднина“, изјави Песков за новинарите, а пренесува „РИА новости“.
Тој исто така рече дека секоја идна структура треба да ја гарантира руската безбедност преку цел систем на гаранции.
На денешното новинарско прашање за планот за победа на украинскиот претседател Володимир Зеленски за ставање крај на војната со Русија, Песков рече дека Кремљ ќе го проучи доколку има официјални информации за планот.
„Сметаме дека извештаите во медиумите не треба да се анализираат. Доколку информациите за ова се појават во официјални извори, ние, се разбира, внимателно ќе ги испитаме. Има многу контрадикторни и неверодостојни информации по ова прашање. Затоа ние сме многу внимателни во врска со ова“, рече Песков.
Оваа недела украинскиот претседател Зеленски треба да го претстави планот на американскиот претседател Џо Бајден и неговите двајца потенцијални наследници, Камала Харис и Доналд Трамп.
Зеленски патува за САД, каде што утре ќе одржи говор пред членовите на Генералното собрание на ОН. Планот, чии детали Зеленски досега не ги објави јавно, се чини дека е голем поттик за украинскиот претседател во неговите напори да го убеди Вашингтон и другите сојузници да обезбедат дополнителна и уште повеликодушна помош за неговата земја со цел да ја принуди Москва да се стави крај на конфликтот под услови прифатливи за Киев.
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека за време на седумнеделниот напад на Украина врз западниот руски регион Курск загинале најмалку 56 цивили, а 266 биле ранети.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави дека Украина се придржува до меѓународното хуманитарно право и не ги таргетира цивилите како дел од упадот во регионот Курск.