Свет
Во напад на НАТО конвој, шест лица загинати
Шест лица загинаа во напад на конвој цистерни на НАТО кој пренесувале гориво за меѓународните сили во Авганистан, пренесуваат медиумите.
Шест лица загинаа во напад на конвој цистерни на НАТО кој пренесувале гориво за меѓународните сили во Авганистан, пренесуваат медиумите.
Во нападот запалени се 28 цистерни, јави пакистанската Гео ТВ на својата интернет страница.
Непознати напаѓачи отвориле оган на конвојот цистерни во индустриската зона во пакистанската престолнина Исламабад, а во нападот шест лица се повредени, пренесува Гео ТВ повикувајќи се на изјавите на спасувачките екипи.
Нападот се случи откако во петокот бунтовниците уништија конвој со 27 цистерни на НАТО силите кои пренесуваа храна и гориво по копно преку Пакистан. /крај/хина/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучевиќ: Србија мора да оди напред, државата не смее да пропаѓа поради несреќата во Нови Сад
Србија мора да оди напред и не смееме да дозволиме кршење на законите и колапс на државата поради катастрофата што ја доживеавме, изјави денеска премиерот Милош Вучевиќ, оценувајќи дека ова е прашање на сериозност и одговорност на оваа генерација кон идните генерации.
„Не смее да се дозволи кршење на законот и рушење на државата. Апсолутно нема никакво оправдување да ја урнеме државата поради огромната трагедија што ја доживеавме во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Мој впечаток и верувам тоа е впечатокот на мнозинството српски граѓани, е дека „се што се случува сега нема врска со трагедијата во Нови Сад, туку постојано се додава нешто ново и се претставува како основа за блокадата на животот и блокадата на Србија и обиди за колапс на Србија“, рече тој на прес-конференција.
Вучевиќ истакна дека одговорните за прекршување на законот ќе одговараат согласно законот.
„Без тоа, завршуваме во ситуација секој може да прави што сака, без одговорност. Тоа значи дека исчезнува правниот систем, на некој начин исчезнува државата, а желбите и соништата на сите оние кои не и посакуваат на нашата земја добро се исполнети и за жал ги има многу“, рече тој.
Свет
„Евростат“: Италија има најголем процент на лекари над 65 години во ЕУ
Италија има најголем процент на постари лекари од сите земји на ЕУ, со просечна возраст од 65 или повеќе години, а нивниот удел во вкупниот број медицински персонал е 26,7 отсто, покажуваат податоците на европската статистичка агенција „Евростат“.
На второ место е Унгарија со 22,4 отсто постари лекари, а трета е Естонија со 22,3 отсто, пренесува агенцијата „Анса“.
Германија има најголем процент на лекари на возраст меѓу 55 и 64 години (36,1 отсто), потоа Бугарија со 33,9 отсто и Летонија со 27,4 отсто.
Највисок процент на млади лекари има Малта со 46 отсто, потоа Романија (34,6 отсто) и Холандија (29,7 отсто).
На европско ниво процентот на лекари на возраст од 55 години или повеќе е 40 отсто, соопшти „Евростат“.
Регион
„За Соња“: Ѓоковиќ победата ја посвети на прегазената студентка во Србија
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, денеска, по пласманот во осмина-финалето на Австралија опен, својата победа ѝ ја посвети на Соња Поњавиќ, студентката што вчера беше тешко повредена во инцидент на една од блокадите на протестите во Белград.
Имено, Ѓоковиќ по победата со син фломастер на камерата напиша „За Соња“. Тенисерот, потсетува „Н1 Србија“, на крајот на минатата година, по трагедијата во Нови Сад, ги поддржа и студентите во борбата за правда.
Соња Поњавиќ, студентка во прва година на Правниот факултет, беше повредена вчера во центарот на Белград кога возач влетал во група студенти додека тие држеле 15-минутно молчење во чест на загинатите во падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад.
Од силината на ударот студентката се нашла на покривот од автомобилот, кој продолжил да се движи носејќи ја триесетина метри, а потоа паднала на земјата.
Полицијата соопшти дека го легитимирала и го затекнала возачот М. П. (38), кој е осомничен дека вчера околу пладне со автомобил „форд фокус“ удрил во 20-годишна жена. Се сомнева дека во автомобилот имало уште две лица, соопшти МУП, а „Телеграф“ ја објави неговата фотографија.
Насилникот веќе има досие, а бил осудуван дури седумпати. Сѐ уште не е познато за какви кривични дела е осуден. Сега тој може да биде осуден за тешко убиство во обид, пренесуваат медиумите во соседството.
Ивица Дачиќ, вицепремиер и министер за внатрешни работи на Република Србија, изјави дека белградската полиција во рок од 10 минути го пронашла возилото кое ја соборило 20-годишната девојка. Пет минути потоа, вкупно 15 минути по настанот, пронајдени се возачот на „фордот“ и уште две лица, кои биле во возилото со него, од кои едното малолетно“, рече Дачиќ.