Надворешна политика
Добрососедските односи, економската дипломатија и конзуларните услуги – приоритет за 2015 година
Добрососедските односи, економската дипломатија и интензивирањето на грижата за македонските граѓани надвор од земјата се приоритетите за 2015 година, потенцираше шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во понеделникот за време на средбата со шефовите на дипломатско-конзуларните пртставништва на Македонија низ светот.
Добрососедските односи, економската дипломатија и интензивирањето на грижата за македонските граѓани надвор од земјата се приоритетите за 2015 година, потенцираше шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во понеделникот за време на средбата со шефовите на дипломатско-конзуларните пртставништва на Македонија низ светот.
„Би биле задоволни кога во 2015 година би можеле да ги намножиме успесите на економски план и да продолжиме со конструктивната комуникација со сите земји, особено со нашите соседи“, изјави Попоски, додавајќи дека во однос на евроинтеграциите, земјата ќе чека погодна клима во Грција за решавање на билатерниот спор за името, а во меѓувреме ќе работи на реформите кои бара Европската комисија (ЕК).
„Пристапниот дијалог на високо ниво овозможува да продолжиме да работиме на реформи со ЕК чекајќи погодна клима во Атина да овозможи правото и аргументите да го надминат билатералниот спор. Амбасадорите оваа седмица ќе имаат средби со целиот државен врв на кој ќе добијат препораки за дејствување во идната година“, потенцираше Попоски.
Во однос на економската дипломатија, пак, ќе биде и именувањето на нерезидентни амбасадори кои ќе бидат стационирани во Скопје а ќе бидат исклучително посветени во земји и пазари со кои Македонија има потенцијал за соработка.
Говорејќи за третиот приоритет, односно конзуларните услуги за македонските граѓани надвор од државата, шефот на македонската дипломатија соопшти дека од почетокот на следната година треба да почне да работи и Инфоцентарот кој ќе биде достапен за македонските граѓани 24 часа седум дена во неделата, а ќе бидат направени и мобилни станици за олеснување на вадењето патни исправи за македонските граѓани во странство./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.