Свет
Дваесет мртви во напад врз шиити во Пакистан

Накмалку 20 лица се убиени во понеделникот во Карачи, кога бомбаш самоубиец се разнел втурнувајќи се во процесија на шиитските муслимани на затворањето на годинешниов верски празник Ашура
Овој напад уследи само ден откако во сличен напад во пакистанскиот дел од областа Кашмир беше извршен напад во кој загинаа најмалку осум аџии.Локалните медиуми, јавуваат дека по нападите во Карачи се разгореле немири кои се проследени со палење на продавници и автомобили. Локалниот министер за здравство, Сагхер Ахмед изјавил дека во болниците биел примени 20 тела и околу 40 ранети. Нападот е извршен и покрај тоа што пакистанската полиција заради заканите од напади врз шиитите распореди околу 10 илјади полицајци. Празникот Ашура во Ирак и Пакистан беше повод за повеќе напади врз шиитите. Тие со овој десетдневен празник чија кулминација беше во неделата, ја одбележуваат годишнината од загинувањето на големиот имам Хусеин, внук на пророкот Мухамед. Муслиманите сунити не го признаваат Хусеин за наследник на Мухамед, што е основата за расколот во исламот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Има жртви откако возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада

Неколку лица загинаа, а поголем број се повредени кога возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, соопшти полицијата, без да го прецизира точниот број на жртви.
Полицијата соопшти дека возачот е во притвор по инцидентот во саботата во близина на улицата Фрејзер и Источна 41-ва авенија, објави канадската мрежа Си-Би-Си.
Се наведува дека полицијата ќе објави повеќе информации како што ќе се одвива истрагата.
Свет
Фон дер Лајен со порака до Зеленски: Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир.
„Можете да сметате на нашата поддршка на преговарачката маса за да постигнете праведен и траен мир“, напиша таа на официјалните социјални мрежи по средбата со Зеленски во Рим, каде што двајцата присуствуваа на погребот на папата Франциско.
Претседателката на ЕК додаде дека со украинскиот претседател разговарала и за чекорите што ги презема Киев за да го заслужи своето место во европското семејство.
Свет
(Фото) „Ова не е Октоберфест“ – Германски политичар критикуван од тоа што направи на погребот на папата

Откако објави селфи на социјалните мрежи на кое се гледа како се смее пред погребот на папата Франциско во Ватикан, баварскиот премиер Маркус Зодер се соочи со критики.
„Тукушто слетав во Рим: сега сме во конвој со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на пат кон Ватикан за погребот на папата Франциско“, објави Маркус Зодер на „X“ заедно со фотографија на која се смее.
Ова предизвика бројни реакции и критики.
„Несоодветно е да се прават селфиња на погреб. Ова не е Октоберфест. Треба да бидеме среќни што Зедер нема ќебап во рака“, напиша германската политичарка Мари-Агнес Штрак-Цимерман (ФДП).
Gerade in Rom gelandet: Nun geht es im Konvoi mit Bundespräsident Frank-Walter Steinmeier in den Vatikan zu den Trauerfeierlichkeiten für den verstorbenen Papst #Franziskus. pic.twitter.com/FgbiwUVSNW
— Markus Söder (@Markus_Soeder) April 26, 2025
Фотографијата на Зодер беше критикувана и од многу корисници на социјалните мрежи.
Покрај тоа, Зодер објави серија фотографии пред и по погребот на папата, што доведе до тоа многумина да го обвинат дека се однесува како да дошол на забава, а не на погреб.
View this post on Instagram
„Многу трогателни моменти во Рим непосредно пред почетокот на погребот. Папата Франциск многу ќе ни недостига. Трогателно е да се види колку луѓе се собираат тука на плоштадот ‘Свети Петар’ во Ватикан и низ целиот свет пред телевизорите за да му оддадат последна почит“, напиша тој во еден од своите објави денес.