Свет
Новинарот кој ја провали аферата со прислушување најден мртов
Шон Хоар, новинар на весникот, кој беше и првиот новинар што тврдеше дека Енди Колсон, поранешен уредник на весникот и претставник за медиуми на британскиот премиер, знаел за хакирањето и прислушувањето на телефоните, денеска е пронајден мртов
Шон Хоар, новинар на весникот, кој беше и првиот новинар што тврдеше дека Енди Колсон, поранешен уредник на весникот и претставник за медиуми на британскиот премиер, знаел за хакирањето и прислушувањето на телефоните, денеска е пронајден мртовХоар, кој со Колсон работел во весниците Sun и News of the World пред да биде отпуштен поради проблеми со алкохолот и дрогите, најден е мртов во неговиот стан во Ватфорд.Локалната полиција се уште не го потврдува неговиот идентитет, но во изјавата потврдува дека денеска била повикана на адреса во Ватфорд, каде што нашле мртов маж.„Смртта во моментов се води како необјаснета, но не и како сомнителна“, тврдат од полицијата.Хоар беше првиот кој за весникот The New York Times ги изнесе наводите за хакирањето на телефоните од страна на весникот News of the World и тврдеше дека Колсон знаел за хакирањето и ги поттикнувал вработените да ги прислушуваат телефонските разговори на познатите личности. Подоцна во изјавата за BBC тврдеше дека тогашниот уредник Колсон и лично барал да се прислушуваат телефоните.Хоар признаваше дека има проблеми со алкохолот и дрогата и дека бил на лечење од зависност, но тврдеше дека тоа е небитно за случајот. Тој тогаш за очигледните повреди на неговото лице велеше дека ги добил кога местел шатор на детска забава.Британскиот премиер Дејвид Камерон го ангажираше Колсон откако тој во 2007 година даде оставка на уредничката позиција поради прислушување на телефоните на кралското семејство. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

