Свет
Бурата “Ксинтија“ однесе најмалку 16 животи

Во орканската бура што беснее на југот на Европа, животот го загубија најмалку 15 луѓе.
Во орканската бура што беснее на југот на Европа, животот го загубија најмалку 15 луѓе.
На Пиринејскиот полуостров и Франција се измерени ветрови со брзина од 175 километри на час, а во прекин се авионскиот, железничкиот и патниот сообраќај.
“Ксинтија“ денеска помина низ јужниот дел на Франција и остави без електрична енергија околу еден милион луѓе.
Се очекува бурата вечерва да стигне до Данска, но ќе ги зафати и Белгија и Луксембург.крај/индекс/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин ги негира руските планови за напад врз Европа

Европските тврдења дека Русија наводно планира напад врз Европа се провокација или целосна некомпетентност, изјави рускиот претседател, Владимир Путин, во Кина.
„Секој разумен човек е совршено свесен дека Русија никогаш немала, нема и никогаш нема да има желба да нападне никого“, рече Путин.
Тој, исто така, изјави дека ваквите тврдења се целосна бесмислица и немаат основа.
„Што се однесува до ‘агресивните планови на Русија во однос на Европа’, сакам уште еднаш да нагласам дека ова е целосна бесмислица која нема апсолутно никаква основа“, рече рускиот лидер.
Путин, исто така, изјави дека Москва никогаш не се спротивставила на евентуалното членство на Украина во Европската Унија.
Фото: ЕПА
Свет
Кина воведува безвизен режим за Русите до 30 дена

Кинеските власти ќе воведат безвизен режим за руските граѓани до 30 дена од 15 септември, објави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун.
Како што изјави, од 15 септември 2025 година до 14 септември 2026 година ќе важи пробна политика за безвизен режим за руските граѓани што имаат обични пасоши, пренесува „Танјуг“.
Според него, Русите може да ја посетуваат Кина без виза за бизнис, туризам, посета на роднини или пријатели или размена на посети до 30 дена.
„Под стратешко водство на двајцата шефови на држави кинеско-руските односи одржуваат високо ниво на развој. Кина придава големо значење на интензивирањето на размената меѓу народите на двете земји, го поддржува зајакнувањето на соработката меѓу нив и дава позитивен придонес во развојот на сеопфатно стратешко партнерство и координација меѓу Кина и Русија во новата ера“, рече Гуо, пренесува ТАС.
Во оваа пригода тој исто така рече дека руските пријатели се добредојдени да ја посетуваат Кина што е можно почесто.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп вечерва ќе се обрати до јавноста

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе се обрати до јавноста од Овалната соба на Белата куќа. Обраќањето е закажано за вечерва во 20 часот по македонско време. Сè уште не е познато за што ќе зборува претседателот на САД.
❗️🇺🇸Trump will make an announcement today at 2:00 p.m. — White House press service pic.twitter.com/76a7jDK0fa
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 2, 2025
Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски пред три дена потсети дека американскиот претседател ѝ дал на Москва неколку недели да преземе чекори во преговорите, вклучително и да се согласи на билатерален состанок со Украина, пред да се врати на идејата за санкции. Тој рок од две недели истече вчера.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави на 22 август дека Владимир Путин ќе се сретне со Володимир Зеленски дури кога ќе биде подготвена програмата на самитот и дека засега нема такви планови.
фото: принтскрин