Свет
ИСАФ во Авганистан запленил три тони опиум
Меѓународните сили во Авганистан, во петок соопштија дека во провинцијата Кандахар заплениле речиси три тони опиум, хероин и оружје
Во соопштението на ИСАФ мисијата, се додава дека војниците на НАТО запреле сомнителен камион, за кој се покажало дека е преполн со дрога и оружје.„Во камионот имало 2.400 килограми преработен опиум, повеќе од 450 килограми опиумска паста, 23 килограми хероин, како и автоматски пушки и муниција за нив“, стои во соопштението кое го пренесуваат светските агенции. Авганистан е најголемиот светски производител на опиум, а особеново провинциите Кандахар и Хелманд, кои се центарот за производството ан опојните дроги, каде и се водат најжестоките борби со талибаните. Авганистан е петтата најсиромашна земја во светот, но учествува со дури 92 отсто во вкупното светско производство на опиум., чија вредност во 2009 г. Беше проценета на 2,8 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата Франциско за злоупотребата на децата: Тоа е кривично дело, а не само социјално зло
Папата Франциско денеска изјави дека злоупотребата на деца е страшно злосторство.
„Злоупотребата на малолетници, без оглед на нејзината природа, е одвратен, страшен чин. Тоа не е само зло на општеството, туку и злосторство“, нагласи папата, пренесе Анса.
Тој исто така истакна дека тоа е „сериозно кршење на Божјите заповеди“.
Папата додаде дека ниту едно дете не треба да трпи злоставување и повика на будење на совеста, блискост и солидарност кон малтретираните деца и адолесценти.
Тој, исто така, повика на градење доверба со оние кои работат за да понудат безбедна средина каде децата ќе можат да растат во мир, пренесува Танјуг.
Свет
Захарова за прошталниот говор на Бајден: „На што се гордее?
Во својот проштален говор посветен на надворешнополитичките проблеми, актуелниот американски претседател Џозеф Бајден кажа како и кому Соединетите Американски Држави наштетиле, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Со што се пофали Бајден? Што им презентираше на американскиот народ и на целиот свет како главна работа што ја направи за време на неговиот мандат? Кое е неговото главно достигнување за четири години? Зборуваше за тоа како САД им нанесува штета на другите земји“, оцени Захарова во емисијата на радио „Спутник“.
Таа го спореди говорот на Бајден со прес-конференцијата за резултатите од руската дипломатија во 2024 година што ја одржа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и ја нагласи разликата во пристапите кон надворешната политика.
„Ставот на Русија за тоа како да се направи најдоброто, ги надминуваме заедно. Кои опции постојат да не се сее лошо, зло и деструктивно, туку добро, креативно, хумано“, заклучи Захарова.
Европа
Полскиот премиер тврди дека е постигнат напредок со Украина во врска со спорот од Втората светска војна
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја посети Варшава во среда, соопшти кабинетот на полскиот премиер, по, како што го нарече Полска, пробивор во историскиот спор околу ексхумациите од времето на војната кој стоеше меѓу двата сојузници.
Иако Полска е еден од најверните поддржувачи на Украина по инвазијата на Русија во 2022 година, врските меѓу соседите беа затегнати со генерации поради убиствата во Волинија извршени помеѓу 1943 и 1945 година.
Полска соопшти дека повеќе од 100.000 Полјаци биле убиени во масакрите извршени од украинските националисти. Илјадници Украинци исто така загинаа како одмазда.
Полска долго време бараше слободен пристап за своите експерти до местата каде што се верува дека се погребани останките на убиените, за да можат да бидат ексхумирани за достоинствен погреб.
Во петокот полскиот премиер Доналд Туск го поздрави „моментот на напредок“ во односите, велејќи дека Украина одлучила да ги дозволи првите ексхумации на жртвите.
Украина често ги споменува настаните во Волинија како дел од конфликтот меѓу Полска и Украина што ги погоди и двете нации.