Контакт

Книги

Промоција на „Сјај и страв и песни“ од Даница Иванивска Лепојевиќ

Објавено пред

Во вторник, со почеток во 21 часот во фоајето на кино „Фросина“ (МКЦ), ќе се одржи промоција на книгата „Сјај и страв и песни“ од Даница Ивановска Лепојевиќ, во издание на Култура А. Д.

dobivaj vesti na viber

Промотори на збирката ќе бидат поетесите Елена Пренџова и Искра Донева, и писателот Анде Јанков, додека стиховите ќе ги говорат поетесата Ана Голејшка и самата авторка. Атмосферата ќе биде дополнета со настап на Сашко Костов.Стихозбирката ја понесе наградата „Антологија на болката“ за најдобра збирка љубовна поезија на овогодишните Рацинови средби.„Оваа стихозбирка се издвојува по романтичарскиот дух, кој ја прави малку поинаква од останатите, но истата се истакнува со драматичност во зборот и лапидарност во изразот, што придонесува за едноставно доживување на истата“, вели писателката Катерина Момева.„Поетскиот ракопис на Даница Ивановска Лепојевиќ изобилува со лирски, драматични, но и конотативни поетски метафори. Емотивно, сликовито и конкретно, со модерен општествен дискурс. Образувајки јасни слики, импресивно е доловен субјективниот свет на поетот.Стихозбирката изобилува со топли емоции, едноставно пласирани, но исто така вешто нивелирани“, додава таа.Поетесата Искра Донева вели дека „Даница Ивановска Лепојевиќ го прави пишувањето толку природно и стихијно, та сега емоциите се прелеваат и излеваат неконтролирано без оглед дали ќе има жртви. Нејзиниот емотивен потенцијал и искуство, можеби се застрашувачки, но во исто време се и толку благородни, оти се длабоко човечки и исконски, доживеани и преживеани ко ураган. Оттука таа покажува огромна храброст во сиот свој сјај и страв на својата женскост да изгради мост од стихови преку разбранувани диви страсти и емоции, контрасти кои клокотат како жив вулкан.“/крај/со/бб

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Македонија49 минути

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено...

Топ2 часа

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија3 часа

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија4 часа

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија4 часа

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет5 часа

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули, што е речиси 7 отсто од вкупната...

Култура7 часа

(Видео) Охридско лето со концерт на Ана Дурловски го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија8 часа

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

Македонија21 час

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија1 ден

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ1 ден

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет1 ден

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија1 ден

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет1 ден

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет1 ден

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија2 дена

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и...

Економија2 дена

(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на...