Црна хроника
Велосипедист загина во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод
Велосипедист загина во сообраќајка што се случи во вторник наутро околу 11 часот на пресекот на регионалниот пат Кичево – Македонски брод со улицата „Маршал Тито“.
Од здобиените повреди, во општата болница во Кичево починал седумдесет и четиригодишниот Насуф Н. од Кичево кој по регионалниот пат управувал велосипед движејќи се кон Кичево. Сообраќајната незгода се случила кога Насуф управувајќи го велосипедот се обидел да го премине коловозот од регионалниот пат при што дошло до удар врз велосипедот од патничко моторно возило марка „цитроен берлинго“ со кичевски регистарски ознаки кое се движело од Македонски брод кон Кичево. Ударот се случил на левата коловозна лента со предниот лев дел од патничкото возило врз средниот дел од велосипедот. Со тешки телесни повреди, Насуф Н. со возило на брзата помош бил пренесен во општата болница во Кичево каде по кратко време им подлегнал на повредите. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево. За време на увидот, сообраќајот на регионалниот пат не беше во застој односно се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила./крај/мф/ффс
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

