Свет
Ерван Фуере ги искара суетните судии

Евроамбасадорот Ерван Фуере ги искарал првите луѓе на правосудните институции затоа што „поради различните мислења и суетите“ доцни проработувањето на Академијата за обука на судии и обвинители, дознава „Време“.
АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ НЕ ПРОРАБОТЕ
Мери Јордановска
Евроамбасадорот Ерван Фуере ги искарал првите луѓе на правосудните институции затоа што „поради различните мислења и суетите“ доцни проработувањето на Академијата за обука на судии и обвинители, дознава „Време“. Академијата беше свечено отворена во март годинава, Европската агенција за реконструкција и развој (ЕАР) за неа одвои околу 1,5 милион евра, но таа остана на мртва точка.
Фуере испратил писмо до Дане Илиев, претседателот на Врховниот суд, до јавниот обвинител Александар Прчевски, до министерот за правда Михајло Маневски и до претседателката на Републичкиот судски совет Ленче Софрониевска. Во писмото се вели дека поради суетите на раководните луѓе во правосудството, Академијата за судии и обвинители не може да профункционира. Од Европската комисија ги потврдија овие информации.
– Точно е, такво писмо е испратено. Примената на Законот за академија доцни, што е во спротивност со реформите. Од друга страна, отворањето на Академијата беше еден од клучните аспекти од европското партнерство – велат во Европската комисија.
Според нашите информации, писмо со слична содржина завчера стигнало и од ОБСЕ до сите правосудни институции, каде што се изразува загриженост за нефункционирањето на Академијата. Неофицијално, станува збор за недоразбирања за тоа кој да стане директор на оваа институција. Поради тоа што не бил запазен рокот, на последниот состанок на управниот одбор пред три дена бил поништен конкурсот за избор на директор.
– Доцневме со изборот поради објективни причини, со оглед на тоа што не затекнаа изборите. На седницата одлучивме дека следната недела ќе биде распишан нов конкурс за директор и за извршен директор на академијата. Потоа ќе следува регистрација на новата фирма и се надевам дека до почетокот на октомври ќе се избере директорот – вели врховниот судија Агим Мифтари, претседател на управниот одбор.
Поради внатрешната поделеност управниот одбор не можел да одлучи дали директор ќе стане заменик-обвинителот Коста Петровски или врховниот судија Зирап Лимани. Обвинителот Прчевски сметал дека директор треба да биде обвинител, затоа што претседател на управниот одбор бил врховен судија. Освен тоа, состаноците на управниот одбор најчесто се одложувале поради немање кворум, со оглед на тоа што поранешната министерка за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска и врховните судии отсуствуваа неколку пати.
– Црвенееме пред Европската комисија. Ни дадоа пари, а ние не можеме да ја пуштиме во работа – велат нашите извори.
Академијата не може да се регистрира без избран директор, ниту да ги користи парите од буџетот за годинава.
Академијата беше посочувана како еден од клучните реформски проекти во судството. Според законот, идни судии и обвинители ќе можат да станат само кандидатите што ќе ја завршат обуката во оваа институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.