Спорт
МКФ ја започна операцијата Каракас
Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ), официјално го промовира Марјан Лазовски во нов шеф на стручниот штаб на националниот тим и го презентира планот за подготовките, за настап на предолимпискиот турнир во Каракас, Венецуела.
Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ), официјално го промовира Марјан Лазовски во нов шеф на стручниот штаб на националниот тим и го презентира планот за подготовките, за настап на предолимпискиот турнир во Каракас, Венецуела. Првиот човек на Федерацијата, Даниел Димовски, воедно информираше и за средбите кои делегацијата на МКФ го оствари при неодамнешниот престој на северноамериканскиот континент. „Остваривме средби со истакнати Македонци, кои што имаат допирни точки со кошарката, тоа се Мајк Зафировски и Џон Битов, луѓе кои следат се што се случува во македонската и светската кошарка. Двајцата се спремни да се вклучат и да ни помогнат колку што можат. Сето тоа би стартувало со тоа што еден дел од подготовките би се одвивале во Канада.“ Димовски најави дека синот на Мајк Зафировски, Тод, кој игра за престижниот универзитет Дјук, изразил желба, во иднина, да го носи дресот на Македонија. „Ние сме задоволни од оваа идеја, но првично треба да се одработи законскиот дел. Најпрвин Тод Зафировски ќе треба да добие македонско државјанство по раѓање, и потоа сето тоа да го регулираме во ФИБА Европа, тој да настапува за репрезентацијата како роден Македонец, а не како натурализиран играч. Доколку админстративниот дел биде успешно завршен тогаш тој ќе биде повикан да се приклучи на подготовките на репрезентацијата“, рече Димевски. Тод Зафировски е висок 204 сантиметри и може подеднакво добро да игра на позициите три и четири. Новиот селектор на репрезентацијата наследникот на Марин Докузовски, Марјан Лазовски, истакна дека тој и неговите избраници „имаат обврска да се пласираат на Олимписките игри во Лондон.“ Лазовски кој пет години беше асистент во репрезентацијата, најпрвин на Јовица Арсиќ, а потоа и на Докузовски, рече дека противниците на предолимпискиот турнир, Ангола и Нов Зеланд не се атрактивни како имиња но дека станува збор за квалитетни репрезентации. Подготовките на репрезентацијата за настап во Каракас, ќе започнат на 4. јуни, една недела подоцна кошаркарите ќе отпатуваат за Литванија, каде ќе против домаќинот и селекцијата на Русија ќе одиграат две средби. На 18 јуни националниот тим ќе се пресели „преку барата“, каде од 18 до 23. јуни во Торонто ќе одигра три средби, со Канада, Велика Британија и Нов Зеланд. Единствено не е потврден мечот со Нов Зеланд, со оглед што двете репрезентации ќе играат на турнирот во Венецуела во иста група. По Торонто ќе следува патот за Лас Вегас, од 23-26. јуни, каде репрезентативците ќе бидат дел од кампот на американскиот „Дрим тим“, а не е исклучен и натпревар против репрезентацијата чии предводници се Коби Брајант, Леброн Џејмс и Кевин Дурент. Предвидено е од Лас Вегас, три дена, од 26-29. јуни селекцијата да биде во Порторико, каде ќе одигра една средба со домаќинот, кој исто така учествува на предолимпискиот турнир, за на 30. јуни Мекејлеб, Антиќ и останатите да пристигнат во Венецуела. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos

