Контакт

Свет

Путин: Нема да има потреси во 2012-та

Објавено пред

Путин за себе и за претседателот Медведев рече дека се луѓе од една партија и дека нема да има никакви „потреси“ во 2012 г., кога треба да се одржат претседателските избори, изјавил за новинарите германскиот политиколог Александар Рар, по состанокот на рускиот премиер со учесниците на форумот

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат руските новински агенции, Александар Рар нагласил дека и минатата година на заедничкиот состанок на учесниците на престижниот Валдаи клуб на чии дебати учествуваат научници од разни сфери од целиот свет, рускиот премиер Владимир Путин, за себеси и за рускиот претседател Дмитриј Медведев рекол дека се „луѓе со иста крвна група“.      „Годинава тој рече: Ние сме исти луѓе – се замисли и додаде – на една партија“, рекол Рар цитирајќи го рускиот премиер.Еден член на Валдаи клубот присутен на средбата во понеделник направил споредба на рускиот тандем со владејачкиот тандем во Велика Британија.„Путин објасни дека заедно тие ја разработуваат стратегијата за развој на Русија и истовремено ја реализираат, што е еден од балезите на тандемите, кои секако постојат и во другите земји“, додал Рар.„Има конкуренција, но тоа е една сила, еден тим“, го цитира познатиот германски политиколог Путин.Според Рар, рускиот премиер рекол дека одлуката ќе ја донесат заедно со Медведев, но дека во 2012 г. нема да има изненадувања и потреси. Тоа всушност речиси истата изјава што и минатата година Путин им ја даде на странските новинари учесници на состанокт на шефови на влади и членовите на меѓународниот форум Клуб Валдаи, кои ги итнересира каков ќе биде односот меѓу првите луѓе на Русија за кои се шпекулира дека влегуваат во тивка необјавена конкурентска битка. „Во 2012 г., заедно ќе размислиме при што ќе ги земеме предвид тогашните реалности, нашите лични планови, состојбите на политичката сцена и како стои партијата Обединета Русија, по што ќе донесеме одлука”, рече минатата година во септември Путин. Од ланската и од годинешнава изјава може да се заклучи дека Путин не ја исклучува можноста за уште една претседателска кандидатура во 2012 г., но тој во секој случај смета дека нема да има претседателска трка меѓу него и Медведев.Спротивно од Рар, портпаролот на рускиот премиер, Дмитриј Песков, одговорот на Путин за прашањето за тандемите, го толкува сосема поинаку. Според Песков, премиерот одговорил дека станува збор за два сосема различни тандема.„Таму заедништвото на спротивностите е заради краткорочни цели, тука, пак, единството во  ставовите е во име на севкупната стратешка насока, при што ние лично имаме учество“, го цитира портпаролот својот премиер.Reuters, пак, тврди дека Путин искажал колебливост во врска со кандидатурата на рпетседателските избори во 2012 г.Според репортерот на агенцијата рускиот премиер објаснил дека пред изборите „ќе се реши што е најдбро за Русија, но дека ниту тој, ниту неговиот сојузник, претседателот Дмитриј Медведев, нема да дејствуваат спротивно на уставот“.„Се уште не сме решиле што е најдобро за Русија“, рекол Путин во Сочи, цитира Rеuters, што е уште едно повтроување на минатогодишната негова изјава по истото прашања.И Путин и Медведев во повеќе наврати навестија дека еден од нив ќе бдие кандидат за руски претседател во 2012 г. и дека за то а однапред ќе се договорат кој ќе биде тоа. Во Русија претседателот има шестгодишен мандат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Калас: Русија не ја добива војната

Објавено пред

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека одржувањето избори во Украина додека трае војната со Русија „дефинитивно не би било добро решение“, нагласувајќи дека воените услови ги отежнуваат демократските процеси исклучително.

dobivaj vesti na viber

Русија не ја добива војната
Зборувајќи пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, Калас се осврна на медиумските извештаи што сугерираат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да објави подготовки за можни пролетни претседателски избори и референдум за мир.

„Повеќето европски земји имаат одредба во својот устав дека изборите не се одржуваат за време на војна“, рече Калас.

„А зошто? Затоа што ако имате избори, секогаш има борби внатре меѓу различни фракции, а кога имате надворешни напади, буквално, тогаш едноставно не можете да одржите избори затоа што вашиот противник е надвор и мора да ги концентрирате сите ваши напори на соочување со него.“

Таа ги отфрли наративите што сугерираат дека Русија презема предност во војната, велејќи дека Москва се соочува со растечки предизвици. „Важно е да се знае дека Русија не ја добива оваа војна. Стапката на жртви расте. Нивната економија не оди добро“, рече таа, додавајќи дека министрите за одбрана на ЕУ разговараат за понатамошни начини за поддршка на Украина.

„Да не го одвлекуваме вниманието од Украина“
Калас рече дека состанокот ќе се фокусира и на придонесите на ЕУ кон идните безбедносни гаранции на Украина, вклучително и плановите за обука на украински војници на украинска територија. „Идентификувавме два центри за обука што би можеле да се користат за оваа цел“, рече таа.

Таа, исто така, се осврна на новодоговорената мисија на НАТО „Арктичка стража“, велејќи дека ЕУ развива ревидирана арктичка стратегија која, за разлика од претходните, ќе се справи со безбедносните прашања заедно со климатските и еколошките проблеми.

Но, таа предупреди дека вниманието не треба да се одвлекува од Украина. „Исто така е важно ние, се разбира, да останеме будни, но да не го одвлекуваме вниманието од местото каде што се сегашните закани, што е, се разбира, Украина“, рече таа.

Калас нагласи тесна координација меѓу ЕУ и НАТО за да се избегне дуплирање, истакнувајќи дека додека алијансата поставува цели за капацитети, земјите-членки на ЕУ и одбранбените индустрии мора да се усогласат за да ги исполнат.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Тупаници во турскиот парламент: хаос околу положувањето заклетва на новиот министер за правда

Објавено пред

Хаос избувна во турскиот парламент кога членовите на владејачката партија и опозицијата се судрија околу положувањето заклетва на новиот министер за правда, Акин Гурлек, што доведе до туркање и физичка пресметка, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Според написите, пратениците од опозицијата се обидоа да го спречат главниот обвинител на Истанбул, Акин Гурлек, кој беше назначен од претседателот Реџеп Таип Ердоган на оваа важна судска функција, да положи заклетва во парламентот. Додека страстите се разгоруваа, пратениците се туркаа меѓусебно, а некои дури и се удираа меѓусебно.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватска, заедно со Албанија и Косово, ќе одржи заедничка воена вежба

Објавено пред

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу го најави одржувањето на првата трилатерална воена вежба меѓу Албанија, Косово и Хрватска во 2026 година, како дел од неодамна потпишаниот договор за соработка меѓу трите земји.

dobivaj vesti na viber

Венгу објави дека е направен уште еден важен чекор во спроведувањето на трилатералниот договор, истакнувајќи дека началниците на генералштабовите на Албанија, Косово и Хрватска одржаа заеднички состанок со цел понатамошно подобрување на воената соработка.

Според него, фокусот на соработката е на зајакнување на воената координација, поголема интероперабилност и подигнување на оперативната подготвеност на вооружените сили на трите земји. Посебен акцент е ставен на развојот на заеднички вежби и обуки за справување со безбедносните предизвици и хибридните закани.

„Првата трилатерална вежба ќе се одржи во 2026 година, во согласност со Стратешкиот концепт на НАТО и евроатлантските цели“, објави Венгу.

Во Скадар се одржа состанок на началниците на генералштабовите на вооружените сили на Албанија и Хрватска и командантот на Косовските безбедносни сили, а состанокот предизвика реакција од српското Министерство за одбрана, кое го оцени како закана за мирот во регионот, пренесуваат медиумите во соседството.

Српското Министерство за одбрана објави дека остро го осудува трилатералниот состанок, оценувајќи дека продлабочувањето на воената соработка претставува фактор на притисок и безбедносен предизвик за Србија и српскиот народ на Косово, како и закана за мирот и стабилноста во регионот.

Претходно, на 30 јануари во Загреб се одржа состанок на Хрватска, Албанија и Косово на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.

Сите овие состаноци се одржаа по меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Албанија, Хрватска и Косово го потпишаа на 18 март 2025 година во Тирана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија5 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија7 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ8 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија9 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија10 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија11 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија11 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа11 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет11 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет13 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет13 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет13 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет14 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија21 час

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија1 ден

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...