Спорт
Пораз на ватерполистите на стартот
Македонските ватерполисти кои заминаа на Универзијадата во Шенжен, Кина, доживеаја пораз во прелиминарните натпревари од Шпанија со 5:8 (2:1, 0:1,0:2,3:4).
Македонските ватерполисти кои заминаа на Универзијадата во Шенжен, Кина, доживеаја пораз во прелиминарните натпревари од Шпанија со 5:8 (2:1, 0:1,0:2,3:4).Иако поведоа во првата четвртина нашите ватерполисти ги загубија сите наредни три и поразот беше неминовен. Во вториот меч од групата А Кина ја совлада Турција со високи 14:7. За пласман во натамошните натпревари и разигрување во четвртфиналето потребно е најмалку трето место во групата, односно победа над Турција на 13 август.Останати резултати:Група Б: Австралија – Бразил 11:6Група Ц: САД – Сингапур 17:0, Франција – Србија 7:6Група Д: Јапонија – Унгарија 13:10крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Кен и Фиорентина го нокаутираа Интер
Фудбалерите на Фиорентина убедливо го совладаа Интер со 3:0 (0:0) во натпреварот од 14. коло од италијанската Серија А.
Фиорентина и Интер играа на 1 декември минатата година, но натпореварот беше прекинат во 15.минута кога Едуардо Бове колабираше на теренот.
Нов датум се најде дури два месеци подоцна и Фиорентина одигра многу подобро особено во последните 30 минути.
„Виолетовите“ успеаја да постигнат три гола од 60. до 89.минута против бранителот на титулата.
Стрелец на првиот гол беше Лука Раниери во 60. минута, а осум минути подоцна Мојс Кен го удвои водството на домашните.
Точка на натпреварот во 89. минута стави Кен и само потврди дека ја игра најдобрата сезона во кариерата.
Фиорентина скокна на четвртото место со 42 освоени бода, додека Интер има 51 на втората позиција, три помалку од водечкиот Наполи.
Овие две екипи повторно ќе се сретнат веќе во понеделник, кога Интер ќе биде домаќин во 24. коло од Серија А.