Спорт
Кевин Лав прави рекорд за навек
Кевин Лав не знае да застане со „дабл-дабл“ учинокот. Само што го сруши рекордот на Моузес Мелоун стар 37 години, Лав продолжува да го зголемува.
Кевин Лав не знае да застане со „дабл-дабл“ учинокот. Само што го сруши рекордот на Моузес Мелоун стар 37 години, Лав продолжува да го зголемува. Со 24 поени и 12 скокови во победата на Минесота над Јута во „Таргет центарот“ сега Лав има остварено 53 последователни „дабл – дабл“ и се чини дека не може да се сопре додека стои на две нозе на паркетот. Ниту џезерите не знаеја да најдат одговор за играта на центарот на Минесота. Мајк Бисли додаде 23 поени во втората победа по ред на Минесота која што оваа година има слаб коефициент. Во тимот на Јута ако мора некој да биде издвоен тоа би бил Гордон Хауард со 18 поени.Останати резултати:Торонто – Индијана 108:98 (Леандро Барбоса 29 п. / Дени Гренџер 35 п. 7 ск.)Њу Џерси – Л.А. Клиперс 102:98 (Крис Хемфрис 19 п. 20 ск., Брук Лопез 24 п. 7 ск. Џордан Фармар 24 п. 7 ас. / Крис Каман 23 п. 10 ск. 5 ас. Блејк Грифин 23 п. 9 ск.)Филаделфија – Бостон 89:86 (Спенсер Хејс 14 п. 10 ск. / Ненад Крстиќ 16 п. 15 ск.)Шарлот – Портланд 97:92 (Стифен Џексон 29 п. 10 ск. / Луол Алдриџ 15 п. 10 ск.)Чикаго – Атланта 94:76 (Дерик Роуз 34 п. 6 ск. 5 ас. / Џош Смит 15 п. 6 ск.)Оклахома – Детроит 104:94 (Кевин Дурант 24 п. 9 ск. 5 ас. / Грег Монро 12 п. 10 ск. 6 ас.)Сан Антонио – Сакраменто 108:103 (Тони Паркер 27 п. 6 ас. Ману Џинобили 24 п. 6 ас. / Омри Каспи 16 п.)Голден Стејт – Орландо 123:120 ОТ (101:101) (Монта Елис 39 п. 6 ск. 11 ас. Дорел Врајт 32 п. 6 ск. Стифен Кари 22 п. 12 ск. / Џејсон Ричардсон 30 п. Џамир Нелсон 24 п. 5 ск. 8 ас., Хедо Туркоглу 24 п., Двајт Хауард 13 п. 21 ск.). Крај./макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Михаел Шумахер времето не го поминува само во кревет
Британските медиуми ги објавија најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1.
Според неколку добро информирани извори, легендата на Формула 1, кој претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше во Француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, не е врзан за кревет.
За жал, тоа можеби е најпозитивната медицинска вест. На 57-годишна возраст, Шумахер не може да оди. Наместо тоа, тим медицински сестри и терапевти го водат низ неговата вила во инвалидска количка, дел од 24-часовен пакет за нега што чини десетици илјади фунти неделно.
Во согласност со желбата на неговата сопруга Корина, Шумахер не е виден во јавноста од несреќата на 29 декември 2013 година. Никогаш не се објавени негови фотографии во сериозна состојба, и покрај обидите да се продаде таков материјал на „темниот интернет“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гризман на принудна пауза
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, го повреди бутниот мускул на левата нога за време на последниот тренинг. Според првите проценки, тој ќе паузира десет дена.
Шпанските медиуми објавија дека Гризман сигурно нема да игра во недела против Мајорка во Ла Лига и во среда против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, и дека е неизвесно дали ќе биде подготвен за следниот викенд и натпреварот против Леванте.
„Гризман направи магнетна резонанца за да се утврди степенот на повредата што ја здоби на тренингот во петокот. Французинот има мало истегнување на левиот бутен мускул, што го дијагностицира медицинскиот персонал на клубот. Неговото враќање на натпреварите ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување“, се вели во соопштението на клубот.
Гризман (34) одигра 30 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 10 гола.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ѓоковиќ е во осминафиналето на АО, со мали проблеми го победи Ван Зандшулп
Новак Ѓоковиќ, по речиси три часа игра успеа да се пласира во осминафиналето на Австалија опен. 10-кратниот шампион во Мелбурн, 18-ти пат во кариерата ќе игра во осминафиналето на првиот гренд слем турнир во сезоната.
Новак Ѓоковиќ славеше победа над Ботик ван ден Зандшулп 3:0 (6:3, 6:4, 7:6). за Србинот ова е јубилејна 400-та победа на гренд слем турнирите.
Уникатен е во тој поглед, вклучувајќи го машкиот и женскиот тенис.
Меѓу неговите колеги, по него следуваат Роџер Федерер (369), Рафаел Надал (314), Џими Конорс (233), Андре Агаси (224).
400 – Novak Djokovic (400) is the first male or female player in the Open Era to claim 400 Singles match wins at Grand Slam events. Milestone. #AusOpen | @AustralianOpen @atptour pic.twitter.com/zfQNHVIGOc
— OptaAce (@OptaAce) January 24, 2026
Ѓоковиќ речиси перфектно одигра сет и половина. Го доби првиот, а во вториот со два брејка поведе со 3:0. Холанѓанеот не се предаде врати еден брејк, не успеа да го одбрани сетот, но го подготвеи теренот за она што ќе се случува во третиот сет.
Најголемиот преодозвоик досега на турнирто за Ѓоковиќ беше третиот сел. Ван Зандшулп прв направи брејк, Ѓоковиќ експресно возврати. Со помали или поголеми проблеми потоа двајцата ги добиваа своите сервис гемови.
Драма се случуваше во 11-от гем, кга Ѓоковиќ спаси две сет топки. На крајот релативно лесно го доби тај-брејкот.
Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Јакуб Меншик и Итан Квин.
Foto/EPA

