Македонија
Антикорупциска ќе го испитува случајот за ПР кампањата на Црвенковски
нтикорупциска комисија денеска соопшти дека побарала информации од Кабинетите на претседателот Ѓорге Иванов и поранешниот претседател Бранко Црвенковски за наводите како се потрошени 500 илјади евра за ПР и дали навистина се потрошени толку пари
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција Илми Селами рече дека откако ќе ги добијат и разгледаат, ќе се произнесат за истите. Претходно од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов ги потврдија информациите за кои пишуваше Макфакс, а кои се однесуваа на трошењето за ПР стратегија во времето кога функцијата претседател на државата ја вршеше Бранко Црвенковски. Повикувајќи се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и по досегашната проверка на документацијата која постои во архивата, Кабинетот на Иванов соопшти дека кога Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата, има склучено договори за соработка, обезбедување на развој и истражување со 3 лица од Република Словенија кои се предмет на актуелниот интерес во јавноста. „Договорите во име на Кабинетот на претседателот на Република Македонија кога Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата, се потпишани од страна на тогашниот Генерален секретар на Кабинетот. Согласно постоечките договори за ангажманот на консултантите од Р. Словенија, од буџетот на Претседателот на Република Македонија се исплатени финансиски средства во висина од 20.764.057 денари , односно вкупна сума од 340.394 евра, пресметано согласно средниот курс на Народната банка на Република Македонија“, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. На првиот консултант од Република Словенија му се исплатени 8.305.626 денари, односно 136.157 (сто и триесет и шест илјади и сто педесет и седум) евра, на вториот консултант од Република Словенија му се исплатени 5.149.482 денари, односно 84.417 евра и на третиот консултант од Република Словенија му се исплатени 7.308.949 денари, односно 119.818 евра
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

