Спорт
Блeјк истрча 9.69 на 100-ка
Спринтерот од Јамајка Јохан Блејк стана вториот најбрз човек во историјата на 100 метри, истрчувајќи ја оваа дистанца за 9,69 секунди.
Резултатот Јохан Блејк, кој е актуелен светски шампион во оваа дисциплина, го постигна во четвртокот навечер на митингот од серијата на „Дијамантската лига“ во швајцарскиот град Лозана.
Досега побрз од него на 100 метри во историјата е само неговиот сонародник и пријател Усеин Болт, и тоа во два наврата, од кои еден кога го постигна светскиот рекорд од 9,58 секунди.
Времето од 9.69 секунди освен Блејк, успеа еднаш, и тоа пред три години, да го истрча и Американецот Тајсон Гај, кој во Лозана беше втор со реузлтат од 9,83 секунди.
Усаин Болт во Лозана трчаше на 200 мери и постигна добар резултат од 19,58 секунди, со што се рабзира победи со рекорд на митингот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Таков играч не може да биде проблем“
Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли проговори на актуелната тема во клубот, лошата форма во кој се наоѓа напаѓачот Душан Влаховиќ.
Пред неколку дена се појави информација дека Јувентус сака да му ја намали платата, кој Влаховиќ и неговиот менаџер го одбиле.
Поради сето ова се огласи директорот на „Старата дама“, убеден дека ќе се најде компромисно решение со српскиот играч.
„Што се однесува до иднината на Душан, тука нема проблем. Наскоро ќе седнеме и ќе најдеме решение. Играч како Влаховиќ никогаш не може да биде проблем. Целта е нов договор и ќе успееме. Тој е играч кој вреди многу и заработува многу, тоа е предност за нас“, изјави Џунтоли.
Јувентус не постигна гол на последните три натпревари во Серија А, па поради ова јавноста најмногу го критикува Влаховиќ.
Спорт
Кајли Мекион го собори светскиот рекорд на 100 грбно
Кајли Мекион го собори светскиот рекорд на 100 метри грбно во мали базени (25 метри) на австралиското државно првенство.
Актуелната олимписка шампион на 100 и 200 грбно победи со резултат 54.56 секунди и за 33 стотинки го собори рекордот на нејзината сонародничка Мина Атертон.
По Олимпијадата во Париз, каде што освои злато на 100 и 200 метри, 23-годишната Мекион рече дека и е здодевно да седи дома и се пријавила за националните првенства во Аделаида.
Кајли веќе се квалификуваше за Светското првенство во мали базени во Будимпешта во декември благодарение на нејзините олимписки победи, но рече дека се уште не е сигурна дали ќе плива во главниот град на Унгарија.
Спорт
Поранешен фудбалер на Фенербахче застрелан по појавувањето на телевизија: објавена грозоморна фотографија
Серхат Акин, поранешен играч на Фенербахче, беше застрелан откако се појави на телевизија пред натпреварите во Лига Европа.
Фенербахче го победи Ројал Унион со 2:1, а Акин во таа прилика гостуваше во студиото. Некому му пречело тоа што го кажал за време на гостувањето, па решил да му пука во стапалото.
-Serhat Akın, Fenerbahçe’nin başarısızlığını ve Ali Koç’u gerçek anlamda eleştiren tek gerçek Fenerbahçeliydi.
-Serhat Akın eski bir yayında “”Ali Koç tarafından tehdit ediliyorum.” demişti.
-O Serhat Akın ise bugün bacağından vuruldu.
Söyleyeceklerim bu kadar… pic.twitter.com/UkuWLEovMM
— Yuşa Övenç (@Yusaisback) September 26, 2024
Сем Акин се огласи на социјалните мрежи и објави фотографија со раскрвавена нога.
„Ми пукаа во нога и ми кажаа „последниот збор ни е Фенербахче“, изјави Акин.