Свет
Ракетен напад во центарот на Багдад, по пристигнувањето на Панета

Непознати напаѓачи во понеделникот истрелале три ракети врз ткн Зелена зона во ирачкиот главен град, каде во пресрет на преговорите меѓу ирачките власти и американската команда во Ирак пристигна неодамна поставениот прв човек на Пентагон, Леон Панета
Непознати напаѓачи во понеделникот истрелале три ракети врз ткн Зелена зона во ирачкиот главен град, каде во пресрет на преговорите меѓу ирачките власти и американската команда во Ирак пристигна неодамна поставениот прв човек на Пентагон, Леон Панета, јавува Синхуа цитирајќи извор во ирачкото министерство за внатрешни работи. Во бомбардирање на „Зелената зона“ не е повреден ниеден од локалните жители, вработени или припадници на службите за обезбедување на квартот на Багдад во кој се сместени владините институции и странските дипломатски претставништва.Според првичните сознанија, ракетите биле истрелани во понеделникот наутро од правецот на шиитскиот кварт „Аз-Зафанарија“, кој е под контрола на шиитскиот имам Моктад ал-Садр, кој се противи на присуството на американските војници во Ирак.Вашингтон и неговите сојузници ја почнаа воената акција против Ирак, наречена „Слобода за Ирак“ во март 2003 година под изговор дека режимот на ирачкиот диктатор Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување. Сепак, цврст доказ за негово постоење не се најдени годиниве на ирачката војна.Максималниот број американски војници во Ирак достигна 170 илјади. Од почетокот на неговиот претседателски мандат, Барак Обама во текот на зимата на 2009 година од земјата беа повлечени 90 илјади војници, а по 31-ви август 2010 година бројноста на американскиот контигент не надминува 50 илјади војници.Од 1-ви септември 2010 година САД ја спроведуваат во Ирак операцијата со кодно име „Нова зора“ со којашто се обезбедува крајно ограничување на учеството на американските војници во борбените дејствија. Според изјавите на официјален Вашингтон, главната задача на контингентот во Ирак, е пружањето помош од страна на американските сили на Багдад во борбата против тероризмот и подготовка на новоформираните безбедносни сили на земјата.Ситуацијата во Ирак останува напната во поголемите градови, вклучувајќи го и главниот град Багдад, каде сé уште повремено одекнуваат експлозии./крај/си/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина потврди напад врз најголемиот руски нафтен терминал на Балтикот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека специјалните единици на украинската служба за безбедност (СБУ) нанеле значителна штета на најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море во Приморск.
„Најефикасните санкции се пожарите во руските рафинерии и терминали. Го ограничивме рускиот нафтен сектор, а со тоа и нивната воена машина“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Зеленски се заблагодари на украинските специјални сили за „одлично завршената работа“ и најави натамошно јакнење на домашното производство на оружје.
Нападот, кој се случи на 12 септември, резултираше со пожар во нафтенoто пристаниште Приморск, а според медиумските извештаи, оштетени се и два руски танкери.
Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Свет
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво

Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа.
„Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој војна“, изјави катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на состанокот на високи дипломати од арапските и исламските земји во Доха.
Ал Тани предупреди дека нападот може да ги поткопа преговорите за примирје и ослободување на заложниците, кои со месеци се во ќор-сокак.
Во неделата во Доха се собраа министрите за надворешни работи на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) во пресрет на итниот самит што ќе се одржи во понеделник. Целта е усогласување заеднички став околу израелскиот напад врз Катар, кој предизвика глобална осуда и дури ретки критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овој самит ја отсликува пошироката арапска и исламска солидарност со Катар во соочувањето со израелската кукавичка агресија“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари.
Според катарските медиуми, лидерите на самитот ќе разгледуваат неколку можности – од недвосмислена осуда на нападот и координиран дипломатски притисок врз Израел на меѓународните форуми, па сè до економски мерки што би можеле да прераснат и во бојкот.
Израел, според официјалните извори, целел врз лидерите на Хамас во егзил. Меѓу жртвите е и синот на Халил ал-Хаја, една од највлијателните личности на Хамас во странство, како и неговиот началник на штаб.
Хамас соопшти дека врвното раководство го преживеало обидот за атентат, но нападот остави сериозни последици врз регионалните дипломатски иницијативи и дополнително ја заостри кризата околу војната во Газа.