Црна хроника
Уапсена тројката што украде над 17.000 евра од куќа во Гази Баба

Три лица, од кои е еден 16-годишен малолетник, се се кривично пријавена од страна на СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство, осомничени дека се извршители на кражбата од пред две седмици во куќа во скопската населба Гази Баба, кога ограбија околу 17.500 евра, соопшти во петокот министерството за внатрешни работи.
На 15-ти август во Полициската станица Гази Баба е пријавено дека во домот на 73-годишниот скопјанец Р.С. е извршена кражба, а рамките на куќата се наоѓа и вулканизерски сервис и деловни простории кои се во негова сопственост. Полициските службеници при увидот констатираа дека од гардероберот во спалната соба се однесени 17.500 евра во различни апоени. Констатирано е и дека делото е извршено со употреба на сила и прекачување на сторителите преку прозорецот од кујната пришто без никакво претурање од гардероберот биле пронајдени и одземена посочената сума пари.
Веќе следниот ден во полициската станица на разговор се повикани четири лица, меѓу кои и сега пријавените, К.И. (38), Ј.С. (19) и малолетното лице на возраст од 16 години, сите од Скопје, кои биле вработени во вулканизерскиот сервис на оштетениот а биле на работа денот кога се склучила кражбата. Од направените разговори и преземените мерки, констатирано е дека тројца од вработените и малолетникот по претходен договор, откако првопријавениот дознал каде оштетениот ги чува парите и ја извршиле кражбата.
Така, во времето меѓу 8,30 и 9,30 часот, додека оштетениот не бил во куќата К.И. и Ј.С. чувале стража а малолетниот, со употреба на сила се прекачил од прозорецот на кујната во куќата и се упатил кон спалната соба каде што кваката била заврзана. Откако ја одврзал влегол во спалната соба ги пронашол парите ставени во кеса и откако ги ставил под маицата повторно ја заврзал кваката и излегол надвор од куќата. Парите 17.500 евра или во денарска противредности 1.076.250 денари- ги сокриле до камион ладилник паркиран во дворот и по завршувањето на работното време во 16,00 часот ги земале и се упатиле во домот на второпријавениот каде дел од парите поделиле меѓу себе, а дел 13. 880 евра ги сокриле во близина на неговиот дом.
Во разговорот тројцата го признале делото, 13.880 евра како и уште 800 евра (вкупно 14.680 евра) биле дадени на лице, наводно како честење бидејќи наводно добиле на бинго, се одземени и со потврда вратени на оштетениот, додека остатокот пари 2.820 евра ги потрошиле во кафулиња и во коцкарници, како и за враќање нивни долгови./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет.
На местото, како што соопшти МВР, излегле полициски службеници и констатирале дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош била пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.
Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(74), кој исто така, имал повреди од остар предмет.
Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил.
Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт. Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Топ
Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено оружје. Човекот кој го донел в болница на полицајците им кажал дека во повредениот дека пукал велосипедист и избегал.
„На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото“, соопшти МВР.
Полицијата извршила увид и презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Гостивар приведен бегалец од затвор, осуден на пет ипол години затворска казна

Вчера во 13:20 часот на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 42-годишниот Е.М. од Гостивар.
Тој бил баран поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп каде што издржувал казна затвор од пет години и шест месеци за сторено кривично дело „незовластено производство и пуштање во промнет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Прилеп за издржување на казната.