Спорт
Новак по трет пат Калиф на Дубаи
NULL
Новак Ѓоковиќ по трет пат едноподруго е победник на АТП турнирот во Дубаи. Во Финалето го победи првиот носител Роже Федерер во два сета со по 6:3, со што освои 385.000 долари и доби 500 бодови на АТП ранкингот.Два брејка и сигурен сервис му беше потребен на Србинот за освојување на првиот сет после 35 минути игра.Во вториот сет прв брејк направи Федерер и се чинеше дека ќе го израмни резултатот, но при 1:3, Ѓоковиќ доби 5 гема по ред и го реши прашањето на победникот.Сергиј Стаковски и Михаил Јужни се победници во двојки во Дубаи откако во финалето ги победија Џереми Шарди и Фелисијано Лопез со 4:6, 6:3, 10-3. Крај./Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал има договор со Дејвис, проблеми му прави менаџерот
Реал Мадрид во март ги договорил сите услови според кои Алфонсо Дејвис (24) од Минхен би се преселил во Мадрид по завршувањето на сезоната.
Канадскиот репрезентативен лев бек ќе стане слободен играч на крајот на јуни по истекот на договорот со Баерн, за кој дебитираше во 2019 година и оттогаш одигра 212 натпревари, со учинок од 11 гола и 34 асистенции.
Германскиот новинар, Кристијан Фалк, тврди дека на Дејвис му е понудено продолжување на соработката, но и дека Баварците бараат замена за да ја покријат неговата позиција доколку 24-годишниот фудбалер реши да го напушти клубот. Тој исто така додава дека менаџерот на Дејвис, Недал Хаус, му ја отежнува работата на Реал.
Според Флак, менаџерот преговара и со други клубови кои биле заинтересирани за Дејвис, а најмногу се споменува Манчестер јунајтед.
Практиката на Реал е да избегнува финансиска конкуренција со други клубови и обично не преговара за суми за плати повисоки од она што тие се подготвени да ги понудат.
Спорт
(Видео) Роналдињо ја покажа класата во Ел класико на ветераните
Бразилецот Роналдињо (44) со мајсторски изведен слободен удар го одбележа натпреварот меѓу ветераните на Барселона и Реал Мадрид одигран во Доха, Катар.
Натпреварот заврши нерешено, 2:2.
Пред голот на Роналдињо, голманот на Реал, Бујо, го совлада Хуан Пабло Сорин.
Реал подоцна успеа да изедначи со головите на Луис Фиго и Колумбиецот Едвин Конго.
Барселона можеше да победи, но во самиот финиш Ерик Абидал не успеа да реализира пенал.
Ronaldinho still got it. 🇧🇷pic.twitter.com/BdjmXIPP8F
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 28, 2024
Спорт
Аморин: Успеавме да подобриме некои работи
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим изјави дека навивачите на англискиот клуб добро го прифатиле и го пречекале во дебитантскиот натпревар на „Олд Трафорд“.
Фудбалерите на Манчестер јунајтед, во четвртокот го победија Боде/Глимт со 3:2, во петтото коло од Лигата на Европа и тоа беше првиот натпревар во кој Аморим го предводеше клубот на домашен терен.
„Беше навистина посебно, навивачите ме прифатија и убаво ме пречекаа, иако се уште не сум направил ништо за овој клуб. Сега сум еден од нив и ќе дадам се од себе да не ги разочарам“, изјави Аморим.
Тој изјави дека тимот имал добра контрола на играта, но и дека можеле порано да го решат натпреварот.
„Подобривме различни работи од минатиот натпревар, знам дека тоа е различно натпреварување и друг тим, но ние се подобруваме, создаваме повеќе шанси“.
Аморим смета дека напаѓачот на Манчестер, Расмус Хајлунд завршил одлична работа. Данецот постигна два гола и забележа асистенција против Боде/Глимт.
„Беше агресивен, добро се движеше. Има сегменти во кои се уште може да се подобри“, изјави Аморим.
Фудбалерите на Манчестер јунајтед во недела ќе го пречекаат Евертон во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата.