Контакт

Свет

Скопјанец осуден за шверц на цигари

Објавено пред

Основниот суд од Крива Паланка го осуди

dobivaj vesti na viber

скопјанецот Сабит Бекири (39) на 6 месеци затвор за шверц на цигари.

Казната му е изречена во отсуство, бидејќи Бекири подолго време не им е

достапен на органите на прогонот.

Основниот суд од Крива Паланка го осуди

скопјанецот Сабит Бекири (39) на 6 месеци затвор за шверц на цигари.

Казната му е изречена во отсуство, бидејќи Бекири подолго време не им е

достапен на органите на прогонот.

Според обвинението, скопјанецот лани во два наврата се обидел да внесе 145

штеки цигари во Македонија преку граничниот премин Деве Баир. Како водич на

автобус на туристичката агенција „Јадран“, Бекири на 20 март 2006 година

пристигнал на Деве Баир, по што како пешак ја преминал границата. Тој од

фришопот на бугарскиот премин Ѓуешево за 1.100 евра купил 100 штеки цигари од

марката „парламент“ и ги ставил во патна торба. Торбата потоа ја префрлил преку

оградата што ја дели влезната и излезната страна на преминот. Цариниците го

откриле неговиот обид да ги прошверцува цигарите, кои му биле одземени.

Шест месеци подоцна Бекири, како возач на автобус на „Клас-турс“ од Турција,

бил фатен во шверц на 40 штеки бело „марлборо“. Цигарите, биле скриени во

просторот за спиење.

Вкупната вредност на шверцуваните цигари изнесува околу 93.000 денари, а

избегнатите давачки околу 135.000 денари. Бекири, кој постојано патувал на

релација Турција – Македонија, е во бегство.

(Ж.Ц.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Путин за ракетата „Орешник“: „Моќта на масовниот удар е споредлива со нуклеарно оружје“

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ракетата „Орешник“ има моќ што може да се спореди со нуклеарно оружје.

dobivaj vesti na viber

Тој на самитот на Организацијата за колективна безбедност (CSTO) во Астана објасни дека ракетата, чии елементи на удар достигнуваат температура од 4.000 степени, може да погоди високозаштитени објекти, дури и оние што се наоѓаат на големи длабочини, и сè што е во епицентарот на експлозиите се претвора во прашина, објави „РИА новости“.

Москва веќе има на располагање неколку ракети „Орешник“ и почна со големо производство на напредниот вооружен систем, додаде тој.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Во Германија уапсен лекар: осомничен за убиство на осум пациенти

Објавено пред

Лекарот што годинава беше уапсен во Берлин е осомничен дека намерно убил осум од своите пациенти, а во некои случаи се обидел да ги прикрие доказите со палење, според истражителите.

dobivaj vesti na viber

Неименуваниот лекар, кој бил член на тимот за палијативна нега, во моментот на апсењето бил осомничен дека убил четворица постари пациенти во јуни и јули, а потоа се обидел да ги запали нивните станови, пренесуваат медиумите во регионот.

Полицијата и Обвинителството денеска соопштија дека се појавиле дополнителни случаи кога ги прегледале досиејата на пациентите и извршиле форензички прегледи на осомничените жртви, од кои две биле ексхумирани.

Тој првично беше уапсен под сомнение за убиство од небрежност, подметнување пожар и обид за палење. Обвинителите рекоа дека сега ги третираат случаите како убиства бидејќи се чини дека осомничениот немал друг мотив, освен да ги убие пациентите, според написите.

Тој е осомничен дека во јануари му дал смртоносна мешавина на лекови на 70-годишен старец. На почетокот на април следната жртва била 61-годишна жена. Неколку недели подоцна тој наводно убил 83-годишен старец.

Во четвртиот случај во јуни тој наводно убил 70-годишна жена во нејзиниот стан, а потоа го запалил. Пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири на другиот дел од зградата, пишуваат медиумите во регионот.

Прикажи повеќе...

Свет

На Германија ќе ѝ требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Објавено пред

На германскиот пазар на труд се очекува да му бидат потребни 288.000 странски работници годишно до 2040, според новото истражување објавено оваа недела.

dobivaj vesti na viber

Анализата, спроведена за Фондацијата „Бертелсман“, покажува дека сегашното ниво на миграција на странски работници е значително помало од потребното.

Сузане Шулц, експерт за миграција во Фондацијата, изјави за ДПА дека треба да се отстранат бариерите и да се подобрат условите за мигрантите за да се задоволи растечката побарувачка. Друга проекција, заснована на малку понеповолно сценарио, сугерира дека Германија ќе има потреба од 368.000 странски работници годишно до 2040 година.

Според оваа проекција, од 2041 до 2060 година побарувачката се очекува благо да се намали на речиси 270.000 работници годишно благодарение на позитивните ефекти од претходната имиграција.
Според студијата, без нова имиграција, се очекува германската работна сила да се намали од 46,4 милиони на 41,9 милион работници до 2040 година, што е пад од речиси 10 отсто поради демографските промени.

Ова ќе се разликува од регион до регион. Истражувањето покажа дека работната сила во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, ќе се намали 10 отсто, што се смета за умерено.

Повеќе ќе бидат погодени државите како Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар. Дури и во економски силните региони, како Баварија, Баден-Виртемберг и Хесен, се очекува значителен недостиг на работна сила без прилив на странски работници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст како некои што ми порачуваат да се обидеме да ги разјасниме работите околу ова што се случува со...

Македонија3 часа

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија4 часа

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа5 часа

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија5 часа

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје6 часа

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија6 часа

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа8 часа

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа8 часа

Пред заминувањето Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...

Европа9 часа

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет9 часа

Маск го критикува начинот на кој функционира Европската Унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...

Македонија18 часа

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија1 ден

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија1 ден

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија1 ден

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија1 ден

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија1 ден

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија1 ден

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа1 ден

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет1 ден

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...