Македонија
Јанкулоска: Транснационалниот криминал не може да се сузбие со изолација

Заканите од транснационалниот криминал со кои се соочува секоја земја не можат да се сузбијат по пат на изолација, па оттаму нашата интензивна соработка со Интерпол е од огормно значење и таа веќе покажува
Заканите од транснационалниот криминал со кои се соочува секоја земја не можат да се сузбијат по пат на изолација, па оттаму нашата интензивна соработка со Интерпол е од огормно значење и таа веќе покажува резултати.
Ова го истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на средбата со генералниот секретар на Интерпол Роналд К. Ноубл кој што од вчера се наоѓа во прва официјална посета на Македонија, соопштува МВР.
“Ќе продолжиме да работиме со Интерпол во идентификација на области каде што можеме да соработуваме дури и на едно поблиско ниво, а во интерес и на нашите граѓани и на нашите партнери“, истакна министерката Јанкулоска.
Освен со Јанкулоска, Ноубл се сретна и со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Љупчо Тодоровски. На средбата бил истакнат фактот дека Македонија веќе постави свои службени лица, двајца полициски службеници во штабот на Генералниот секретаријат на Интерпол, едно лице во единицата за форензички и технички бази на податоци, а второто во Единицата за криминалистичка анализа.
Ноубл нагласи дека Интерпол работи на поддршка на сите свои земји членки и дека стануваат се поефективни на ова поле.
Во текот на дводневната посета, покрај средбите со министерката Јанкулоска и директорот на БЈБ, Тодоровски Генералниот секретар на Интерпол оствари средба и со вработените во Националното Централно Биро (НЦБ) на Интерпол во Скопје.
Истакнат бил придонесот на НЦБ кон проектот на Интерпол под насловот БЕСА, кој ги третира организираните криминални групи во југоисточна Европа, заплената на повеќе од 750 килограми дроги, како и досега остварените над 300 приведени во разните акции и заплената на над 120 видови огнено оружје и 20 килограми експлозиви.
„Мојата посета во Скопје ми обезбеди да добијам увид не само во работата на Националното Централно Биро, туку што е исто така важно – како НЦБ се поддржани од страна на низа на полициски служби кои се посветени во борбата против сите форми на криминал на национално и транснационално ниво“ нагласи Ноубл./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.