Црна хроника
Идентификувани нови лица меѓу загинатите напаѓачи во Куманово – видео
Косовските власти коишто во петокот спроведуваат акција на претреси во домовите на некои косовски Албанци кои учествувале во судирот со македонските полициски сили минатиот викенд во кумановската Дива населба, според непотврдени информации, идентификувале уште седум лица кои се меѓу загинатите.
Косовските медиуми пренесуваат дека меѓу четиринаесетте терористи кои беа убиени во судирот со македонската полиција минатата сабота, пред да се предадат повеќе од 27 нивни соборци, се идентификувани и Џафер Зумерај, роден 18.05.1972 година, Ваљон Кабаши (14.08.1985), Тургај Гаши (13.04.1978), Арбен Реџај (17.09.1971), Самит Кастриоти (14.12.1975), Хисен Рушити (20.07.1965) и Фатлун Вишесела роден 16.08.1983 година..
Во средата македонското Министерство за внатрешни работи потврди дека во судирот во Куманово убиени се дел од водачите на терористичката група, а идентификацијата направена со помош на скопското биро на Интерпол покажала дека станува збор за Мирсад Ндрецај роден 17.06.1979 година познат како „командант НАТО“, кој важи за еден од лидерите на терористичката група и беше осомничен дека ја предводел групата којашто претходнона 21-ви април ја зазема накусо караулата на граничната полиција кај Гошинце. Меѓу убиените беше идентификуван и Бег Ризај роден 25.12.1977 познат како командант Бегу, а потврден беше и идентитетот и на Нусрет Каљоши роден 18.04.1975 македонски државјанин.
Преку Интерпол утврден беше и идентитетот на Сами Укчини 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи, кој ѝ се предаде на полицијата.
Полицијата како водачи на групата ги посочи Ндрецај, Соколи, Мухамед Красниќи – Малишева, Бег Ризај Бегу и Деме Шеху – Јунику. Ндрецај и Бегу се меѓу убиените, додека останатите тројца се уапсени.
Во судирот меѓу полицијата и вооружената група во Куманово на 9-ти мај загинаа осум припадници на безбедносните сили и беа најдени 14 тела на припадници на терористичката група./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете
Ноќта помеѓу 7 и 8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

