Македонија
Бугајски: САД да имаат дополнителна улога во решавање на спорот со името
САД треба да имаат силна дополнителна улога во процесот за разликите околу името меѓу Македонија и Грција за да ги придвижат обете страни кон прифатливо решение
САД треба да имаат силна дополнителна улога во процесот за разликите околу името меѓу Македонија и Грција за да ги придвижат обете страни кон прифатливо решение.
Ова за Гласот на Америка на македонски јазик го изјави Јануш Бугајски, директорот на проектот Нови европски демократии во Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон.
„Не би рекол дека САД треба да земат водечка улога во оваа фаза, туку силна дополнителна улога. Со други зборови – двете страни ги почитуваат САД – и Атина и Скопје. САД немаат влог во конфликтот, сакаат решение, сакаат што е можно побрзо да ја приближат Македонија до ЕУ и НАТО“, рече Бугајски.
Тој смета дека не е добра идејата за референдум во Македонија за евентуалното компромисно решение за името.
„Не мислам дека референдумот е добра идеја за одлучување на такви прашања, без оглед дали се работи за големо меѓународно прашање, надворешно политичко прашање или спогодба. Преку референдум ќе се создадат повеќе проблеми отколку решенија, затоа што ако имате противење, владата може да каже – не може да прифатиме, затоа што јавноста е против. Тоа значи дека Македонија ќе остане бесконечно заглавена во средина“, вели Бугајски.
За ставот на американската влада дека решението на спорот и влезот на Македонија во НАТО се битни и за пошироката регионална безбедност, Бугајски коментира дека „би било идеално да се наде решение за прашањето за името пред Самитот во Лисабон во ноември, со што Македонија би добила покана за членство во НАТО.
Тоа би бил почеток на крајот на процесот на интеграција на Западниот Балкан во НАТО“, изјави Бугајски за Гласот на Америка на македонски. /крај/воа/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

