Свет
Американскиот Црвен крст казнет со 16 милиони долари
Најновата казна со која се соочува американскиот федерален здравствен регулатор е заради нарушување на прописите при обработка на донаторска крв.
Најновата казна со која се соочува американскиот федерален здравствен регулатор е заради нарушување на прописите при обработка на донаторска крв.
Американската управа за храна и лекови (ФДА) соопштува дека Црвениот крст на САД не ги преземал мерките за претпазливост за безбедноста на донаторската крв.
Покрај направените пропусти, крвта била безбедна, укажува ФДА.
Американскиот Црвен крст ќе исплати 10 милиони долари заради непридржување на прописите околу подготовката и чувањето на компонентите крв, вклучувајќи ги ќелиите на еритроците, плазма и тромбоцити.
За нарушување на технологијата на преработка на донаторска крв организацијата е казнена со повеќе од шест милиони долари.
ФДА соопштува дека прекршоците се направени во 2008 и 2009 година, објави сајтот Лента.ру.
Ова не е прва казна на Црвениот крст на САД заради непочитување на донаторската крв, во 2003 година организацијата плати казна од 21 милиони долари./крај/мондо/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми.
Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари).
Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите на домашна адреса, додека пензиите исплатени преку банките ќе пристигнат најдоцна до 6 јануари.
Регион
Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска
Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.
Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.
Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.
Регион
Уште еден земјотрес во Грција, тлото не се смирува
Вечерва, во 19:51 часот, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на 56 километри североисточно од градот Ираклион, додека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 12.58 часот, во областа на Крит.