Свет
Светските лидери се бацуваат во уста во новата кампања на Benetton

Рекламната кампања на „неомраза“ на прочуениот бренд за облека Benetton успеа да се наметне во фокусот на светската јавност со вџашувачките (иако направени на фотошоп) фотографи на светсдките лидери.
Рекламната кампања на „неомраза“ на прочуениот бренд за облека Benetton успеа да се наметне во фокусот на светската јавност со вџашувачките (иако направени на фотошоп) фотографи на светсдките лидери.Обама се бацува со својот венецуелански колега Уго Чавез, Махмуд Абас во прегратката на Бенјамин Нетанјаху, а германската канцеларка Ангекла Меркел во страстен бакнеж со францускиот претседател Никола Саркози – лоша фикција или предлог за нов вид на меѓународна дипломатија? Заменик извршниот директор на компанијата, Алесандро Бенетон, кој вчера во Париз ја преазентираше контроверзната кампања, вели дека идејата била да се промовира концептот на „неомраза“.„Фотографиитесе многу силни, но ние мораме да испратѕиме силна порака. Не сакаме да зилезе дека не ги почитуваме светските политички лидери … ние само ги третираме како концепт-фигури, кој со братските бакнежи пренесуваат силна порака“, вели тој.Бенетон се надева дека кампањата ќе придонесе за создавањето на култура на толеранција и во борбата со омразата. Кампањата преедвидува и серија живи настапи, во кои млади луѓе ќе настапат со свои фотографии на светските лидери како се бацуваат, а ќе бидат истакнати на ѕидовите на локации кои ја претставуваат симболиката на очајно потребниот мировен процес: Тел Авив, Њујорк, Рим, Милано, Париз. Контроверзните фотографии веќе предизвикаа жестоки реакции. Претседателот на италијанската Асоцијација на католички гледачи, Лука Боргомеао, побара итно забранување на рекламата. Истовремено, реагираше и портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц, кој истакна дека американската администрација има долготрајна традиција на несогласување со употребатана ликот на претседателот за комерцијални цели.Benetton е познат по своите контроверзни реклами, вклучувајќи и ја фотографијата на младо момче како бацува свештеник. /крај/huffpost/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.