Контакт

Свет

Оланта Умала води на претседателските избори во Перу

Објавено пред

Лидерот на Националистичката партија на Перу, Оланта Умала и екс-министерот за економија Пабло Кусински, според официјалните податоци, добиле најголем број гласови меѓу кандидати на претседателските избори во неделата во Перу и ќе се натпреваруваат за највисоката функција во вториот кру

dobivaj vesti na viber

Лидерот на Националистичката партија на Перу, Оланта Умала и екс-министерот за економија Пабло Кусински, според официјалните податоци, добиле најголем број гласови меѓу кандидати на претседателските избори во неделата во Перу и ќе се натпреваруваат за највисоката функција во вториот круг, пренесува во понеделникот „Ројтерс“ (Reuters), цитирајќи ја Националната изборна комисија (ONPE). Според резултатите од преброени 43 отсто од гласачките ливчиња, Оланта Умала добил 27, додека Пабло Кусински  23,6 отсто од гласовите. На трето место е ќерката на поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори, Кеико Фуџимори со освоени 21,8 отсто од гласовите, којашто исто така според анкетите има шанси да влезе во вториот круг. Вториот круг од претседателските избори ќе  се одржи на 5-ти јуни. За да победи еден од кандидатите мора да добие 50 отсто плус еден глас од излезените гласачи. Избраниот претседател на државата ќе ја преземе функцијата на 28 јуни а неговиот мандат ќе трае до 2016 г. Во неделата дваесет милиони Перуанци со право на глас, покрај на претседателските, гласаа и за 130 места во Конгресот.И 48-годишниот Оланта Умала и 35-годишната Кеико Фуџимори во предизборната кампања ветуваа распределба на доходот од експлоатацијата на минералните богатства во полза на сиромашните (стапката на сиромаштија во Перу изнесува 35 проценти), подобрување на безбедноста, намалување на инфлацијата и обезбедување континуиран раст на економијата, која се смета за една од најбрзорастечките во светот. Умала на политичката сцена се појави во 2000 г. кога со неговиот брат водеше краткотраен бунт против тогашниот претседател Фуџимори поради корупција на системот. Од тогаш настојува да се дистанцира од своите радикални идеи и од неговиот тогашен политички идол венецуелскиот  претседател Уго Чавез. Умала на претходните претседателски избори во 2006 г., самоуверено влезе во вториот круг во кој загуби од актуелниот претседател Алан Гарсија. Умала својата популарност ја должи на националистичката, анти- империјалистичка и анти-американска реторика. Тој во предизборната кампања се претстави како левичар според урнекот на поранешниот бразилски претседател Луиш Инасио Лула да Силва, иако за повеќето избирачи останува тврдолинијаш со авторитарен стил кој го изгради како полковник во перуанската армија.Кеико Фуџимори, пак, ја има поддршката од симпатизерите на нејзиниот татко, кој успеа да стави крај на неконтролираниот тероризам во земјата, 72-годишниот екс-претседател Алберто Фуџимори кој сега сериозно е болен во затвор каде се наоѓа на издржување на 25-годишна затворска казна за кршење на човековите права во времето на пресметката со бунтовниците во 1990-те.Педро Пабло Кисински, Перуанците го викаат „Гринго“, бидејќи тој е дипломец на Оксфорд и Принстон, а долго време работел на Вол Стрит. Тој вети дека ќе се откаже од пасошот на САД ако победи на изборите. Зад него, како и зад Фуџимори и поранешниот премиер Алехандро Толедо, стојат бизнис круговите. Славниот перуански писател добитник на Нобеловата награда, Марио Варгас Љоса, кој на претседателските избори во 1990 г. загуби од таткото Фуџимори, смета дека ниту Кеико ниту Умала не се добро решение за Перу, сметајќи дека изборот на некој од нив „ќе претставува вистинска катастрофа за Перу“Предизборните анкети покажаа дека половината од избирачите имаат негативно мислење за Умала и Фуџимори, па делумно се остварија прогнозите на аналитичарите кои сметаа дека Кусински или Толедо може да направат изненадување со пласирање во вториот круг од претседателските избори./крај./ро/см



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Објавено пред

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот во околината на Крушевац, случај кој српските власти го оценуваат како една од најголемите акции против организираниот криминал во историјата на земјата.

dobivaj vesti na viber

Ана Спасојевиќ во изјава за српскиот таблоид „Република“ изјави дека семејството било угледно и дека не била свесна што се чува на имотот. Таа наведе дека знаеле нејзиниот сопруг и синот, но дека, според она што ѝ било кажано, станувало збор за нешто што привремено било оставено таму, само неколку дена.

„Не ми е важно кој го сторил тоа, сè ќе се открие во истрагата. Ова ни се случува првпат во животот, ништо слично никогаш не сме имале“, изјави Спасојевиќ, додавајќи дека целата ситуација тешко ѝ паѓа и дека поради стресот не може да спие и зема терапија за смирување.

И соседите изразуваат неверување. Комшиката Радмила Тодосијевиќ изјави дека веста за пронаоѓањето на дрогата ја затекнала и ја вознемирила, нагласувајќи дека семејството го познавала како работливо и чесно. Таа посочи дека Спасојевиќи со години живеат таму и се занимаваат со земјоделство, одгледување овошје и зеленчук, додавајќи дека немала никакви сознанија за нелегални активности.

Во меѓувреме, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ им честиташе на припадниците на Министерството за внатрешни работи и на безбедносните служби за, како што рече, исклучително успешно спроведената акција кај Крушевац. Според него, станува збор за еден од најголемите и најзначајни успеси на српската полиција во борбата против организираниот криминал.

„Оваа историска акција јасно покажува дека во Србија нема заштитени и дека секој што ќе помисли дека може да се сокрие зад партиска книшка за да врши кривични дела – нема да успее. Секој што се занимава со криминал ќе биде најстрого казнет и процесуиран согласно законот“, порача Гашиќ, нагласувајќи дека борбата против криминалот и корупцијата е апсолутен приоритет на државата и дека се води без компромиси и без исклучоци.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Страшен судир на три автомобили, возачот загина, a 15-годишен сопатник е тешко повреден

Објавено пред

Триесет и седумгодишен маж загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 21:40 часот во близина на Хрженица, додека уште две лица се повредени.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата на локалниот пат покрај пренасочниот канал учествувале три автомобили, соопшти полицијата.

Според резултатите од истрагата, несреќата ја предизвикал 37-годишен возач кој се движел од правец на Ореховице кон Оток. Во еден момент, тој го преминал своето возило во сообраќајната лента за возила што доаѓаат од спротивната насока, без да провери дали може безбедно да го стори тоа.

Во исто време, 25-годишен маж кој возел зад него во истата насока почнал да го престигнува, и со предниот дел од својот автомобил удрил во задниот лев дел од возилото на 37-годишникот. Поради силата на ударот, автомобилот на 37-годишникот скршнал, се вратил во спротивната лента, а потоа слетал на тревната површина. Потоа возилото го напуштило теренот и удрило во неколку дрвја пред да застане.

Прикажи повеќе...

Свет

Украина речиси четири години се брани од руската инвазија, денес нови преговори во Абу Даби

Објавено пред

Украина и Русија денеска ќе одржат директни разговори во Абу Даби во обид да се најде решение за завршување на војната што трае речиси четири години, јавува германската новинска агенција ДПА.

dobivaj vesti na viber

Датумот на разговорите го потврдија и Кремљ и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но без да прецизираат дополнителни детали.

Директните преговори меѓу Москва и Киев беа обновени пред една недела по подолга пауза. Тие се одржаа зад затворени врати, а посредуваа Соединетите Американски Држави преку својот главен преговарач Стив Виткоф. Овој пат, завојуваните страни ќе преговараат без американски претставници.

Иако преговарачките тимови повеќепати ги опишаа разговорите како конструктивни, договор за мировен договор сè уште не е на повидок, а територијалните прашања остануваат клучна точка на несогласување.

Русија бара Киев да се повлече од делови од источниот украински регион Донбас, особено од областите околу Доњецк и Луганск, кои сè уште се под украинска контрола. Зеленски повеќепати ја отфрли можноста за територијални отстапки.

Украинската делегација ќе ја предводи главниот преговарач Рустем Умеров, додека на чело на руската делегација ќе биде Игор Костјуков, шеф на воената разузнавачка служба ГРУ.

На барање на американскиот претседател Доналд Трамп, Русија се согласи привремено да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура поради екстремниот студ и веќе обемните оштетувања во Киев и други градови. Сепак, нападите врз други цели продолжија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека ограниченото примирје ќе трае само до недела, со цел да се обезбеди „добра основа“ за мировните преговори.

Зеленски изјави дека не постои формален договор за привремен прекин на огнот, но вети дека Украина нема да напаѓа руски енергетски цели доколку Русија се придржува до своето ветување.

Украина речиси четири години се брани од руската инвазија со поддршка од Западот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет2 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија3 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија5 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет21 час

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија22 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија22 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...