Спорт
Баерн во Менхегладбах, Дортмунд против Гројтер

Познати се полуфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Германија.
Познати се полуфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Германија. Актуелниот првак и лидер во Бундес лигата, Борусија Дортмунд, имаше среќа на извлекувањето, откако за противник го доби второлигашот Гројтер Фирт, кој во четвртфиналето го елимира Хофенхајм. Многу понеизвесен полуфинален двомеч се очекува во пресметката помеѓу Борусија Манхегладбах и Баерн Минхен. Полуфиналните дуели во германскиот Куп ќе се одиграат на 20 и 21. март, финалето е закажана за 12. мај на Олимпискиот стадион во Берлин. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гибс-Вајт го извиси Тотенхем, потпиша нов договор со „шумарите“

Еден од најдобрите играчи на Нотингем Форест минатата сезона, Морган Гибс-Вајт, нема да оди во Тотенхем, откако реши да го продолжи договорот со „шумарите“.
Тотенхем ја активираше клаузулата, практично се договори за сè со играчот. Дури беа закажани и лекарски прегледи, но… Гибс-Вајт не се појави таму, туку реши да го продолжи договорот со Форестерс до 2028 година.
Нотингем се пожали дека Спарс му пристапиле на играчот на нелегален начин и гласно протестираа против овој трансфер. Но, малкумина очекуваа таков исход.
На крајот, Нотингем не загуби уште еден важен играч, бидејќи Ентони Еланга замина во Њукасл.
Спорт
Баерн за Дијаз подготви 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул.
Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред неколку дена, но челниците на клубот од „Енфилд“ ја отфрлија без размислување.
„Билд“ тврди дека челниците на Баерн доцна синоќа испратиле понуда од 85 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, за колумбискиот репрезентативец, кој пред две недели донесе одлука да го напушти Ливерпул.
Многумина веруваат дека оваа понуда ќе биде прифатена и дека Дијаз ќе биде нов член на Баерн од понеделник.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓокереш официјално е играч на Арсенал

Виктор Ѓокереш е новиот играч на Арсенал, 27-годишниот напаѓач денес ги помина медицинските тестови во Лондон и потпиша договор со гигантот од „Емирати“.
Најголемото воодушевување беше забележано кај Микел Артета, кој верува дека конечно доби напаѓач кој може да постигне најмалку 20 голови во една сезона.
„Воодушевени сме што го пречекуваме во клубот. Неговите голови зборуваат за него. Има толку многу квалитет, брз е, силен, со неверојатни бројки. Возбудени сме од она што може да ни го донесе. Нему и на неговото семејство му посакуваме добредојде во Арсенал“, рече Артета.
Патем, Џокерес го зеде бројот 14 во Арсенал.
Извонредниот Швеѓанец минатата сезона за Спортинг постигна 54 голови на 52 натпревари.
Арсенал за трансферот издвои 63,5 милиони евра, а дополнителни 10 милиони Спортинг може да заработи преку дополнителните бонуси.
Foto/ arsenal.com