Спорт
Македонија-Полска 18:12, (полувреме)
Ракометната репрезентација на Македонија и Чешка, на полувреме има предност против Полска од 18:12 , во натпреварот од второто коло во Групата 2 на Еуро 2012.
Ракометната репрезентација на Македонија на полувреме има предност против Полска од 18:12 , во натпреварот од второто коло во Групата 2 на Еуро 2012. Во првото полувреме во нашата игра беспрекорно функционираат сите елементи, одбраната со Ристовски на голот функционира беспрекорно, нападот е разновиден, Полјаците ги разбиваме од сите позиции, контрата е убиствена и што е најважно одлично играме во ситуација кога имаме играч повеќе. Македонската репрезентација, слично како и против Данска, одлично го отвори натпреварот, веќе по 7. минути стигнавме до предност од три гола, 4:1. Кога нашата зона започна беспрекорно да функционира, Борко Ристовски ја „спушти ролетната“, доведувајќи ги Полјаците до лудило.Ристовски на голот и капитенот Лазаров, во периодот од 7 до 18. минута беа најзаслужни што Македонија стигна до најубедливата предност од седум гола, 13:7. До крајот на полувремето, „црвено-жолтите“ со сигурна игра не и дозволија на Полска посериозно да се закани и да ја намали предноста. Борко Ристовски е нашиот најекспониран играч во првиот дел, голманот на Вардар Про има 11 успешни интервенции. Листата на стрелци ја предводи капитенот Кирил Лазаров со 5 гола, Наумче Мојсоски, Темелков и Алушовски постигнаа по 3, а Стоилов, Филип Лазаров, Миркуловски и Марковски дадоа по еден гол. Во редовите на Полска најефикасен во првото полувреме е пивотот Бартош Јурецки со 4 гола. /крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонските ракометари во третиот шешир пред ждрепката за СП
Foto/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија на 29 мај ќе ги дознае противниците со кои ќе се сретна во првата фаза на Светското првенство чии домаќини наредната година ќе бидат Хрватска, Данска и Норвашка.
На ракометниот Мундијал ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во шест групи.
Во пресрет на ждрепката домаќините си одбраа по една група за себе и дополнително уште една група во која сместија по една репрезентација.
Надежите дека Хрватска ќе ја „стави“ Македонија во една од групите паднаа во вода откако Хрватите си ја избраа групата Х во Загреб, Словенија ја сместија во групата Г која исто така ќе се игра во Загреб, за Унгарија ја одбраа групата Д во Вараждин, а во Ц групата, во Пореч ќе игра Австрија.
Данска си ја избра Б групата, а Германија ја сместија во групата А, додека Норвежаните го избраа Осло и Ф групата, а на Шведкса и ја доделија групата Ф.
Ждрепката за Светското првенство во ракомент ќе се одржи на 29 мај, со почеток во 19.30 часот во Загреб.
Македонија е во третиот шешир заедно со Полска, Бразил, Катар, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир.
Спорт
Флик во понеделник ќе биде промовиран во нов тренер на Барселона
Чави Ернандез во недела последен пат во Севилја ќе ја води Барселона, по што и официјално ќе добие отказ. Барселона во понеделник ќе го претстави новиот тренер, Ханси Флик.
Информацијата дека Чеви ќе добие отказ и дека Флик ќе биде неговиот наследник ја пренесоа најдобрите трансфер-инсајдери Жерар Ромеро, Фабрицио Романо, Гилем Балагу и Флоријан Плетенберг.
Според нив, Германецот со Барселона ќе потпише двегодишен договор, но по принцип 1+1.
Поточно останувањето на Флик на клупата во втората сезона 2025/26 ќе зависи од резултатите во неговата прва сезона.
Во исто време, Флик ги прифати сите услови на Барса, но побарал да го донесе целиот свој тренерски штаб.
Спорт
Баерн отпишал седум ѕвезди чија вкупна вредност е 340 милиони евра
Сезоната за Баерн заврши со дебакл. По 11 последователни титули, во Бундеслигата заврши на третото место, во Купот доживеа елиминација во осминафиналето од второлигашот Сарбрикен, а во Лигата на шампионите во полуфиналето од Реал.
Челниците на најтрофејниот германски клуб ги кројат плановите за летниот преоден рок. Тренерот Томас Тухел заминува, а според најтиражниот германски весник ќе го следат дури седум ѕвезди.
„Раководството на Баерн ќе започне чистка во соблекувалната веднаш штом ќе пристигне новиот тренер. На Баерн му треба реконструкцијан потребни му се десетици милиони за засилувања“, пишува „Билд“ и ги наведува седумте отпипани, чија вредност соред „Трансфермаркт“ изнесува на 340 милиони евра.
„Серж Гнабри (28 години) има договор до 2026 година, но тој е главен кандидат да биде продаден, бидејќи често е повреден. Поради повреда на мускулот, нема да игра на ЕП. Понатаму, тој игра премногу ретко во врвна форма. Но, Баерн ќе има голем проблем да се ослободи од него бидејќи Гнабри има плата од дури 20 милиони евра.
Кингсли Коман (27) е во многу слична ситуација како Гнабри. Пречесто се повредува и покажува премалку конзистентност. Тој има договор до 2027 година и е проценет на 65 милиони евра. Доколку Баерн успее да го продаде, би добил цело богатство.
Џошуа Кимих (29) е еден од најтешките карактери во соблекувалната. Прашање е што планира новиот тренер со него. Да биде десен бек или лидер во редот за врска? Зависи и од тоа што сака Кимих во иднина. Тој има договор до летото следната година и Баерн веднаш би го продал за да заработи нешто од него. Се шпекулира со сума од 40 милиони евра.
Леон Горецка (29) е лидер и е посветен на клубот. Но, Баерн сака свежа крв во средниот ред. Избор на клубот е Френки де Јонг.
Дајот Упамекано (25) по серијата лоши настапи сезонава заврши на клупата. Баерн е блиску до Тах од Леверкузен. Овој трансфер би можел да биде платен со парите од продажбата на Упамекано.
Алфонсо Дејвис (23) флертува со Реал, но неговите игри се се полоши. Баерн сака да му го продолжи договорот кој завршува во 2025 година, но Дејвис бара премногу пари. Затоа е многу веројатна разделба ова лето, но прашањето е дали Реал сè уште го сака?
Нусаир Мазрауи (26) беше толку често повреден што Баерн во зима го доведе Саша Бои (23) како скапа алтернатива. Се очекува да се врати и Јосип Станишиќ од позајмицата во Леверкузен, па Мазрауи е блиску до заминување“, пишува „Билд“.