Спорт
Киерсон е веќе во Бенфика
Бразилецот Киерсон прво потпиша договор со Барселона а веќе ја напушти истата за Бенфика тим кој ќе му помогне да созрее како фудбалер и во година да се врати во Барса со што ќе може да игра за првиот тим.
На отворањето нанеговата прва прес-конференцијата по доаѓањето во Бенфика, Киерсон рече:„Сакав да бидам јасен, и да ги расчистам работите за фановите, и за респектот кој јас го имам за овој клуб. Моите агенти имаа доста понуди, но јас не сакав да чујам за ниедна од нов откако разбрав дека Бенфика покажала интерес.“Следуваше новинарското прашање – Зошто?„Го знам клубот, во Бразил гледав многу натпревари на Бенфика. Ги гледав сите нивните европски натпревари. И сите информации кој ги имав за овој клуб се многу позитивни.“Следното новианрско прашање беше – Кои се твојте први импресии по доаѓањето во Бенфика?„Како прво, Лисабон е прекрасен град. Тогаш го имате „Естадио да Луз“ стадионот…нема потреба од понатамошни коментари, тоа е перфектно. Ми кажаа дека тренинг комплексот е доста добар, а исто така луѓето од клубот одлично се однесуваа со мене.“Дали беше на место трансферот во Барселона во овој дел од твојата кариера?, беше друго прашање на португалските новинари„Тоа беше одлука за мојата иднина, а доаѓањето во Бенфика е пред се’ да соберам некое искуство во евро- натпреварите и да се запознаам одблиску со европскиот фудбал воопшто. Бенфика сигурно е вистинскио клуб за тоа. За овие два дена минати во Португалија, веке се чуствувам како дома.“Киррсо беше прашан и дали сака да постигнува голови од пенал, на што следенеше неговиот прецизен одговор, проследен со доза хумор:„Експерт сум за пенали. Но, исто така, сакам да станам експерт и за слободни удари. Ќе се обидам да прераснам во расен голгетер, бидејки на некој натпревари неможеш да погодиш со нормална игра, па затоа треба да бараш други начини како да дадеш гол…“За најсилната страна во својата игра, Бразилецот на португалсите новианри им рече дека тоа е „… мојата смиреност пред голот. Не ми треба многу време да размислувам кога сум во шеснаесетникот со топката. Решителен сум, и никогаш немам чуство дека сум направил лош избор за време на натпревар.Поради таа причина многу го почитуваш Ромарио? Тој исто така постигнал многу голови со само еден допир на топката…, се интересираше португалиски колега „Токму така. Пеле исто така е мојот идол, но, пред се’, тука е Ромарио. Пораснав со неговите игри, многу учев од него, како мал сакав да бидам како него. Ромарио псотигнал многу убави голови, но негова специјалност беше првиот допир со топката. Неговата игра е многу слична со мојата. Фактот дека јас играв Футсал, ми помага многу. Се трудам работите да бидат едноставни, бидејки во Европа нема многу време за размислување кога сте во пеналтикот. Секогаш сум се трудел да играм едноставен фудбал, бидејки уште пред извесно време размислував за преселба во Европа, и сега еве ме овде…“, појасни на крајопт од својата прва средба со ортугалските медиуми младиот Бразилец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милевски ја презеде одговорноста за дебаклот во Велс
Серијата од две години без пораз во офоцијални натпревари, вкупно 14, во која се наоѓаше фудбалската репрезентавција на Македонија, заврши на „Милениум“ стадионот во Кардиф.
Велс, во последното коло во Ј групата, за пласман на Светското првенство, ја прегази Македонија со 7:1. Ова е вториот најтежок пораз во историјата на националниот тим. Втор пат Македнија прими седум гола на еден натпревар, претходно тоа се слуи на „Олд Трафорд“ против Англија (7:0).
Резултатот најдобро ја отсликува немоќта на македонските фудбалери на овој натпревар. По мечот селекторот Благоја Милевски ја презеде одговорноста за дебаклот.
„Немавме одговор за агресивната игра на Велс. Одговорноста е моја и секогаш ќе биде, начинот на кој загубивме боли повеќе“, рече Милевски.
Македонија сега ја очекува баражот за пласман на Мундијалот. Полуфиналните и финалните двојки ќе бидат извлечени в четврток во Цирих. Познато е дека во полуфиналето противник на Македонија ќе биде една од овие четири селекции: Италија, Данска, Турција или Украина.
Foto/ ffm.mk
Спорт
Можни противни во полуфиналето се Италија, Данска, Турција и Украина
Завршија европските квалификации за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Германија, Холандија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Шпанија и Шкотска го обезбедија своето место на планетарната смотра.
Европа на Мундијалот ќе биде застапена со 16 селекции. Последните четири ќе бидат познати во март наредната година кога ќе се одигра плејофот.
Меѓу 16-те репрезентации се наоѓа и Македонија, која место во плејофот избори преку Лигата на нации.
Репрезентациите ќе бидат распределени во четири шешири, според рејтингот. Правилата се дека репрезентација од првиот ќе игра против репрезентација од четвртиот шешир, а оние од вториот за противник ќе имаат селекции од третиот шешир во полуфиналето.
Потоа победниците ќе играат во финалето, а само победниците од четирите финални натпревари ќе се пласираат на Мундијалот.
Прв шешир: Италија, Данска, Турција, Украина
Втор шешир: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Трет шешир: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Четврти шешир: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска
Македонија во полуфналето ќе игра на гостински терен, а можно противници се Италија, Турција, Данска или Украина.
Ждрешката за баражот ќе биде извршена во четврток, во Цирих, со почеток во 13 часот.
Foto/ EPА
Спорт
(Видео) Ножичките на Мектоминеј, проектилот на Тирни и голот од половина терен ан Меклин ја однесоа Шкотска на СП
Фудбалерите на Шкотска ја победија Данска со 4:2 (1:0) во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 во групата.
Со овој триумф, Шкотланѓаните обезбедија директен пласман на Муднијал следната година, Данска ќе бара место на Светското првенство преку баражот.
Во спектакуларен натпревар во Глазгов, Шкотланѓаните водеа три пати, Данците се вратија двапати и со играч помалку, а потоа Меклин го постави конечниот резултат во осмата минута од судиското продолжение, со гол од половина терен.
Лудиот меч на „Хампден парк“ го најави Скот Мектоминеј во третата минута, кога со ножички постигна спектакуларен гол.
На Шкотланѓаните им беше потребна победа за директен пласман на Светското првенство, додека на Данска ѝ беше доволен и нерешен резултат на овој натпревар, за да бидат први од Групата Ц.
Данците не се предадоа, израмнија на 1:1 во 57-та минута, кога стрелец беше Хојлунд од пенал.
Само четири минути подоцна, Данска остана со 10 играчи, бидејќи Кристенсен доби втор жолт картон.
Добро се држеа Данците и со играч помалку имаа иницијатива и ја контролираа играта.
Нивната одбрана не издржа во 78-та минута кога, резервниот напаѓач Лоренс Шкаланд постигна гол за 2:1.
Шкотланѓаните беа на 12 минути од директен пласман на СП, а потоа Данците повторно израмнија четири минути подоцна, а овој пат Доргу беше прецизен за 2:2.
Кога се чинеше дека сè е готово, во третата минута од судиското продолжение, Киран Тиерни брилијантно погоди од 20 метри.
За крај на спектаклот, дојде и спектакуларниот гол на Кенај Меклин. Во осмата минута од судиското продолжение, фудбалерот на Норич го лобуваше Шмајхел од половина терен.
Foto/ EPA

