Македонија
Запленети над 22 кгр хероин
Во рамките на операцијата „Босфор“ што заеднички ја изведуваа Министерството за внатрешни работи и Царината, запленети се 22,4 килограми хероин кој чини 550 илјади евра а чија цена на улица изнесува околу три милиони евра.
Во рамките на операцијата „Босфор“ што заеднички ја изведуваа Министерството за внатрешни работи и Царината, запленети се 22,4 килограми хероин кој чини 550 илјади евра а чија цена на улица изнесува околу три милиони евра. Притоа во двете акции се уапсени четири лица соопштија во саботата од Министерството за внатрешни работиВо првиот случај биле откриени два килограма хероин сокриени во акумулатор, наменет за македонскиот пазар. Нарачатели на хероинот биле две лица од скопското село Арачиново, против кои е поднесна кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, а истражен судија им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Како што рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за овој случај е карактеристично тоа што дрогата била скриена во исправен акумулатор, при што возилото било во возна состојба.Поточно, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија полицијата околу полноќ петок на сабота, на влез во Македонија на граничниот премин „Богородица”, било сопрено автомобил „опел астра“ со скопски регистерски таблички со кое патувале две лица од Арачиново. При извршен детален преглед на возилото, во внатрешноста, во долниот дел на акумулаторот, била откриена црна најлонска кеса во која имало непозната кафеава прашкаста материја. Одземените пакувања биле предадени на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР, при што е утврдено дека се работи за вкупна маса од килограм и 950 грама хероин. Цената на запленетиот хероин во Македонија изнесува 40 илјади евра доколку се продава на големо, а при улична продажба цената на запленетиот хероин може да достигне цена до 200 илјади евра.Јанкулоска информираше и дека во операцијата „Босфор 10“ која заеднички се спроведува со турската полиција, во контролиран транспорт, во вториот случај, е спречено е криумчарење на 20 килограми и 400 грама хероин, наменет за западноевропскиот пазар.Дел од дрогата била запленета и задржана во Турција, а другиот дел од дрогата е запленета и задржана во Република Македонија, аа транспортот се одвивал преку Турција, Грција, Албанија и Македонија.Според оперативните сознанија на МВР, во петокот околу 15,30 часот на паркингот спроти Скопски Саем, по преземање на пет карго пакети со маси и столчиња кои во Македонија пристигнале од Турција во збирна мешовита стока, било уапсено едно лице, откако при извршениот претерес на пакетите биле откриени кеси со 20 килограми и 400 грама хероин.Цената на запленетиот хероин во земјите на западна Европа доколку се продава на големо е 500 илјади евра, а при улична продажба цената на запленетиот хероин може да достигне цена до 2,5 милиони евра. Станува збор за лице од претходно познато на службите за борба против недозволена трговија со дроги коешто има издржувано повеќегодишна затворска казна за сторено кривично дело во врска со недозволена трговија со дроги и поседување поголема сума фалсификувани банкноти.Покрај тројцата македонски државјани за истиот случај ќе биде поднесена кривична пријава како организатор на транспортот и за 52-годишен жител на Сува Река на Косово. Исто така, МВР до Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ќе биде поднесена кривична пријава и против непознатилица од Турција, испраќачи на пратката со хероин за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.Во десетте досегашни продолженија на операцијата „Босфор“ запленети се повеќе од 362 килограми чист хероин кој на западноевропските пазари вреди над 15,5 милиони евра /крај/мвр/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

