Економија
Цените на нафтата стабилни над 111 долари
Цените на сировата нафта во петокот се стабилизираа на лондонскиот пазар над нивото од 111 долари за барел, благодарејќи на новите надежи за решавање на грчката криза и очекувањето на новите санкции за Иран
Цените на сировата нафта во петокот се стабилизираа на лондонскиот пазар над нивото од 111 долари за барел, благодарејќи на новите надежи за решавање на грчката криза и очекувањето на новите санкции за Иран кои малку ги придушија стравувањата во врска со побарувачката во услови на слабеење на економскиот раст. Така цената на барел на лондонскиот пазар беше пониска за 46 центи и изнесуваше 111,09 долари. На американскиот пазар барелот се продаваше по 95 центи пониска цена на 99,44 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта OPEC соопшти дека цените на референтната кошница нејзина нафта во четвртокот изнесувала 11,59 долари, што значи дека вила 19 центи пониска отколку во средата.Во четвртокот цените на нафтата паднаа под притисокот од стравувањето од послабата побарувачка во услови на забавување на растот во стопанствата ширум светот. Така Меѓународната агенција за енергија (IEA) предупреди дека побарувачката на нафта паѓа првпат од светската стопанска криза и во последните ти месеци од минатата 2011 година се намалила за 300 илјади барели дневно, на 89,5 милиони барели дневно.Во Европа паднатиот швајцарски преработувач на нафта „Petroplus“ поради изразената неизвесност во врска со побарувачката во петокот предупреди дека би можел да затвори три од неговите пет рафинерии. Една рафинери се реши да ја понуди на продажба а за други две во иднина ќе разгледува дали ќе ги понуди имајќи предвид дека европскиот пазар е преплавен со рафинерии коишто не е можно да се продадат.Во вакви услови падот на цените на нафтата го закочи продолжувањето на разговорите за грчкиот долг, кој на пазарите беше дочекан како сигнал за долго очекуваниот договор а со тоа и почетокот на решавањето на грчките проблеми. Обновениот оптимизам во врска со иднината на еврозоната помогна во стабилизирањето на цените на нафтата. Аналитичарите сепак се умерени во изразувањето на надежи во скорешно решение и очекување дека цените на нафтата ќе се движат во тесен распон додека не се искристализираат појасни знаци за напредок.„Пазарот реагира на стопанските и геополитичките фактори, зачестено расте и паѓа за неколку центи. Уште овој викенд може да се стекне впечатокот дека Грција нема да успее да ги реши своите должнички проблеми и пазарот ќе реагира на тоа“, вели за Reuters Рој Џордан, од „Facts Global Energy“.Дополнителна поддршка на пазарите им дава и стравот од пореметувањето на снабдувањето од Иран, чиј министер за надворешни работи го предупреди соседните арапски земји да не се доведуваат во опасна ситуација поради блиските врски со САД. Иран не го затвори најважниот светски морски пат за извоз на нафтата, Ормушкиот теснец, низ кој минатата година минувале речиси 17 милиони барели нафта дневно, но се закани дека ќе преземе одредени мерки Европа воведе нови санкции. Европската унија веројатно во понеделникот ќе го договори ембаргото за увоз на нафта од Иран, соопштија извори од француското министерство за финансии. /крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

