Македонија
Цистерни од повеќе фирми превезувале шверцувана нафта во '95-та
Цистерни и вагони со шверцувана нафта, декларирана како масло за подмачкување, во јуни и во јули 1995 година деноноќно ја преминувале македонско-српската границата, пишува Дневник, според дописот на американски дипломат пратен до македонската Влада.
Цистерните и вагоните со шверцувана нафта преминувале граница и покрај предупредувањата од Kомуникацискиот центар за помош на мисиите за спроведување санкции (SAMCOM) од Брисел дека се крши ембаргото кон северниот сосед.
Дописот од американски дипломат Виктор Комрас, до македонската Влада содржи податоци за 111 транспорти на масло за подмачкување, најмногу со цистерни на „Макошпед“, при што биле прошверцувани 2.191 тон нафта, пишува„Дневник“
Според разгранокoт на SAMCOM за Македонија – МACSAM, половина од нафтата била превезувана со камиони и вагони на „Макошед“.
Освен македонските фирми, на списокот има фирми од Бугарија и од Грција, кои се јавуваат како извозници на маслото.
Тогашниот дипломатски претставник на САД во Македонија, Виктор Kомрас со писмо, кое го објави „Дневник“, за ова го предупредил еден од министрите во македонската Влада.
Во дописот испратен на 20 јули 1995 година е доставен и список со испораките на маслото, со назначен датум кога биле вршени, стоката и количеството, кој ги превезувал и бројот на дозвола на камионот.
Списокот содржи податоци за 111 транспорти на масло за подмачкување кои биле извршени од 4 јуни до 17 јули истата година, најмногу со цистерни, при што било прошверцувано количество од 2.191 тон нафта.
Пратките вообичаено ја преминувале границата во ноќните часови, а во триесетина случаи камионите ја напуштиле Македонија и дење.
„На 15.06 во 21.50 часот преку границата преминал камион со регистарски ознаки СK 351ЦХ на фирмата „Геоман“, со декларирани над 23 тони масло, а преку фирмите „МТВ комерс“ од Бугарија и „Алпине“ од Грција.
Ова се само делови од списокот на кој е регистриран и еден транспорт за кој нема податоци за превозникот или за фирмата. Истиот се однесува за 10 јули 1995 година во неодредено време, кога поминале четири вагони со непознато количество масло, а набљудувачите го забележале само бројот на композицијата.
Набљудувачите од МACSAM на 10 јули вечерта регистрирале осум транспорти на масло за Србија од превозникот „Макошпед“, во период од 21.45 до 23.00 часот, со во просек 18 тони нафта. Шест камиони се со охридски регистарски таблички, а по една од Велес и од Прилеп.
Припадниците на МACSAM ги регистрирале грчките фирми „Мобил оил Хелас“ и „Алпине“, како и „Плевен оил“, „Акаи инвестментс“, „МТВ комерс“ од Бугарија. Kако бугарски фигурираат и Фандански и Kутлиш, за кои не е јасно дали означуваат фирма или место од каде стигнала пратката, како и имињата на Верка Попиранова, која еднаш е наведена во списокот, како и Пенка Алкова, која извршила два транспорта на масло. За Попиранова е карактеристично што преку транспортерот „Торнадо“, чија цистерна е со скопски таблички, биле пренесувани над 43 тони масло, што е најголемиот товар ако се има предвид дека останатите транспорти биле тешки од 16 до 27 тони од пратка. На списокот е и фирмата „Инвест инженеринг конзорциум“ од Швајцарија, која преку цистерна на „Макошпед“ префрлила 17 тони масло во Србија.
Според дописот од Kомрас, освен „Макошпед“ со 62 пратки во шверцот учествувале и македонските превозници „Фершпед“, кој имал 11 транспорти, како и „Диа пром“, „Гевар компани“, „Диана“, „Бомекс“, „Фермо“, „Минол“, „Kи Ем“, „Мусли“, „Торнадо“, „Европа 93“ и „Европа 94“, „Банзка“, „МЗТ“, „Балка“, „Фели ас“, „Слога промет“, „Проекспорт“, „Диас пром“, „Геоман“ и „Инвест инжинеринг“.
Во дописот американскиот дипломат изразил надеж дека македонската Влада, како што ветила, ќе ги преземе неопходните чекори за да ги испита овие испораки и да ги спречи ваквите идни прекршувања на ембаргото.
„Додека американската влада покажува толерантен став кон Македонија поради состојбата со која се соочува поради грчките блокади, таа не може и нема да одобри вакво бесрамно кршење на санкциите“, предупредува Kомрас.
„Дневник“ објави и допис на Маргарита Углас, министерка за надворешни работи на Шведска и претседателка на CSCE, Kомисијата за сигурност и соработка во Европа./крај/дн/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лимани: Попреченоста не е причина за исклученост, туку повод за повеќе грижа, солидарност и човечност
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани по повод 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост присуствуваше на настан во Владата на Република Северна Македонија. На настанот покрај претставници на Владата, присуствуваа и претставници на здруженија, лица со попреченост и деца со попреченост од државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ од Скопје.
Во своето обраќање кон присутните Лимани истакна дека овој ден е потсетник на важна вистина дека инклузијата не е само законска обврска – таа е човечка должност и темел на праведно општество.
Тој рече во државата живеат над 94.000 лица со попреченост, а анализите покажуваат дека повеќе од една третина од граѓаните се соочуваат со некаква форма на попреченост. Овие бројки, посочи Лимани, не се статистика – тие се потсетник дека еднаквите можности мора да бидат срцето на сите наши политики.
„Како Министерство направивме важни чекори: го подобривме законодавството, ги зајакнавме социјалните услуги, вложивме во личната асистенција, раната интервенција, менталното здравје и поддршката за семејствата. Работиме на деинституционализација, поголема пристапност и вистинска вклученост во образованието, професијата и заедницата. Но знаеме дека има уште многу работа. Затоа создадовме модерен и транспарентен систем за проценка на попреченоста, воспоставуваме Национален регистар, нов информациски систем, дигитални алатки и асистивни технологии. Ги трансформираме услугите таму каде што им се најпотребни – во локалните заедници;“ истакна Лимани.
Тој подвлече дека „инклузијата не се гради со документи – се гради со достапни улици, отворени училници, социјални услуги што навистина допираат до луѓето, и со поглед што не осудува, туку охрабрува.“
„Нашата држава ќе продолжи да инвестира во инклузијата не затоа што е европска препорака или законска обврска, туку затоа што е тоа исправно. Затоа што секое дете со поддршка денес, е независен млад човек утре. Секој млад човек што добива шанса да учи, работи и живее достоинствено, е граѓанин кој ја гради иднината на оваа земја. Ова е визијата што ме мотивира секој ден: општество во кое попреченоста не е причина за исклученост, туку повод за повеќе грижа, повеќе солидарност и повеќе човечност,“ рече Лимани.
Македонија
(Видео) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани
На денешната седница на Собранието, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, откри дека спротивно на Деловникот, веќе неколку месеци не се става на дневен ред информацијата која ја поднел во врска со претставката на родителите на загинатите деца од трагедијата во „Пулс”.
„Сакам да ја известам јавноста дека на 7 август 2025 година до Вас како претседател на Собранието, јас како овластен предлагач имам доставено информација. Информацијата гласи: ,,Информација за добиена претставка од родителите во врска со трагичниот настан во Кочани од 16 март 2025 година.“
Анализите од праксата, покажуваат дека во Собранието на РМ, вакви информации се ставале на дневен ред за неколку дена од поднесувањето, и ова е прв пат да се чека вака долго”, истакна претседателот на Левица од собраниската говорница.
Во своето излагање, Апасиев праша зошто оваа информација не е проследена до пратениците и зошто јавноста не е запознаена, ниту пак истата е вратена на доработка.
,,Моето прашање е дали ќе се постапи по оваа информација што ја имам доставено како овластен предлагач”, праша Апасиев.
Македонија
(Видео) Филипче: Посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите
Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да се дискутира за сите трагедии во минатото, меѓутоа сметам дека имаме обврска да организираме и посебна Анкетна комисија само за трагедијата во Кочани, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Мора да имаме одговорност пред општеството, пред државата. Тоа е пред се на барање на родителите, на загинатите и повредените деца. И апелирам сега до сите пратеници да го поддржат формирањето и одржувањето на таа анкетна комисија само за трагедијата во Кочани. Рековме немаме проблем ќе гласаме и ќе ја поддржиме и таа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и владеачката коалиција во којашто сака да се разговара за сите трагедии претходно. Во јавноста излегоа повеќе луѓе, ги коментираа овие иницијативи, правници и така натаму. Легитимни се нивните ставови. Треба да се земат предвид дали има, дали нема судски процеси, каде се завршени“.
Според него најбитно во овој контекст и како што рече упатува апел сите, дури експертите да го работа ова.
„Имаме ние пред се и морална обврска пред сите луѓе коишто ова го бараат од нас. Мора да се слушне гласот во собранието. Тоа е дом на сите граѓани во конкретниот случај родителите на загинатите и повредените деца коишто ова го бараат од нас. Очекувам од сите пратеници да ја поддржат анкетната комисија за несреќата во Кочани како што сите ние ќе ја поддржиме и таа друга анкетна комисија којашто тие ја предлагаат“.

