Контакт

Економија

Над 73.000 фирми биле активни лани во Македонија

Објавено пред

Бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2011 година изнесува 73.118, објави денеска Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2011 година изнесува 73.118, објави денеска Државниот завод за статистика.Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82,9 отсто имаат деловните субјекти кои што имаат под десет вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени (или субјектите не го прикажале податокот за вработени) со 9,1 отсто, па субјектите со 10-19 вработени со 3,8 отсто, учеството на субјектите со 20-49 вработени е 2,3 отсто, со 1,6 отсто учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3 отсто од активните деловни субјекти се со над 250 вработени.Најголем дел од нив биле од секторот  Трговија на големо и трговија на мало со регистрирани 27.468 субјекти или 37,6 отсто од вкупниот број, по што следува Преработувачка индустрија со 8 155 субјекти или 11,2 отсто.Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 98 субјекти или 0,1 отсто и Рударство и вадење на камен со 176 субјекти или 0,2 отсто. /крај/со/ап/

Економија

Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

Објавено пред

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.

Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.

„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.

Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.

 

Прикажи повеќе...

Економија

MintIns Go – избираме патничко осигурување за Вас

Објавено пред

Патувајте паметно, сигурно и без стрес. Изберете 90 дена патничко осигурување за цената на 30 дена!
– Осигурување од само 1192 ден,
– Покривање во рок од 365 дена,
– Патувајте спокојно и без стрес,
Не ја пропуштајте оваа можност да ги осигурате вашите патувања со оваа понуда или понуда која што одговара на вашите потреби.
Дознајте повеќе на 15 107 или на следниот линк.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска-Шахбазов: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа, Азербејџан подготвен веднаш да соработува

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Баку беше пречекана од својот колега, министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

На тет-а-тет средбата, која се одржа во Министерството за енергетика на Азербејџан, беше истакната заедничката заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас. Разговорите се фокусираа на можностите за долгорочни договори за снабдување со гас, како и на потенцијални инвестиции во гасната инфраструктура во Македонија.

„Македонија може да стане регионален центар за транспорт на гас, ние сме подготвени веднаш да се вклучиме во соработка на конкретни проекти и да ви понудиме и експертиза, но и сериозни можности за заеднички проекти доколку постои интерес и од ваша страна“, истакна министерот Шахбазов.

„ Разговорите за зајакнување на нашето партнерство во областа на енергетиката отворија нови перспективи за Македонија! Се фокусиравме на конкретни чекори за создавање условии за снабдување со гас и можности за инвестиции во модернизација на нашата енергетска инфраструктура“ истакна Божиновска.

Посебен акцент беше ставен на можната соработка меѓу државната енергетска компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР. Партнерството помеѓу ЕСМ и СОКАР е клучно за нашата енергетска трансформација.Во таа насока, договоренa e средба за интензивирање на активностите во рамки на склучениот меморандум за соработка што беше потпишан за време на КОП 29 самитот во Баку.

Шахбазов упати и директна покана до министерката Божиновска да учествува на претстојниот министерски состанок на советодавниот совет за јужниот гасен коридор како и за третиот министерски состанок на советот за зелена енергија.

Божиновска ја потенцираше подготвеноста на Македонија за активна соработка во повеќе проекти што ќе обезбедат сигурност, одржливост и енергетска независност за земјата, нагласувајќи дека оваа средба претставува значаен чекор во насока на реализација на тие цели.

„Азербејџан ни нуди конкретна соработка која ќе ни помогне да се мапираме како сериозен регионален центар за транспорт на гас. Ова е нешто што би имало стратешко значење за енергетската иднина на нашата земја и би донело поволности и за економијата, но и за граѓаните. На ова сериозно ќе работиме и се надеваме на помошта од нашите меѓународни партнери“, рече Божиновска.

Во рамките на официјалната посета на Азербејџан, македонската делегација предводена од претседателката Силјановска-Давкова оствари и работна средба со премиерот на Азербејџан Али Асадов и со претседателката на Националното собрание на Република Азербејџан, Сахиба Гафарова.

Оваа средба, која се одржа во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу нашите две земји, беше посветена на зајакнување на билатералните односи, посебно во областа на енергетската соработка.

Претседателката Силјановска-Давкова истакна дека нашите две земји имаат потенцијал за поголема економска соработка, особено во секторот на енергетика, и изрази подготвеност за поддршка на иницијативите кои ќе произлезат од оваа средба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,...

Топ6 часа

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија7 часа

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија8 часа

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија9 часа

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија9 часа

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет9 часа

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија10 часа

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа12 часа

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија12 часа

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија12 часа

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...

Македонија13 часа

ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија

„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел...

Македонија14 часа

„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието...

Македонија14 часа

„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 отсто поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините...

Македонија14 часа

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки...

Свет14 часа

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го...

Македонија15 часа

„Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку“: Сиљановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на...

Европа15 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија. Според руските канали на...

Свет15 часа

(Видео) Џеј-Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски...

Свет16 часа

Кина, Иран и Русија почнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...