Свет
Петмилионска финансиска гимнастика на Смиленски-Георгиевски-Трпески
Еве уште една лекција од школата за финансиска гимнастика што Методија Смиленски непречено ја практикуваше во Македонија преку многубројните негови фирми во земјава и во Австрија, а се разбира со безрезервна поддршка на властите, особено на двоецот – тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и тогашниот гувернер Љубе Трпески.
ШТО СЕ МОЖЕ ДА ОТКРИЕ ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА СМИЛЕНСКИ? (2)
Еве уште една лекција од школата за финансиска гимнастика што Методија Смиленски непречено ја практикуваше во Македонија преку многубројните негови фирми во земјава и во Австрија, а се разбира со безрезервна поддршка на властите, особено на двоецот – тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и тогашниот гувернер Љубе Трпески.
Во оваа приказна од 2001 година се јавува една текстилна фирма од Штип, „Текстил инвест“, чии основачи се С. Георгиевска и Игор Смиленски. Првиот основач најверојатно е сопругата на Љубчо Георгиевски, Снежана, а вториот е син на Методија Смиленски. Се почнува со барањето кредит на „Текстил инвест“ од „Македонска банка“ од 2,5 милиони долари. Банката нема слободни средства и бара пари од ЛХБ-банката од Франкфурт. Се разбира, германската банка бара гаранција, а „Македонска банка“ бара гаранција од Народна банка на Македонија. Оваа, пак, како и во претходниот случај со 20-те милиони долари, без проблем ја издава гаранцијата. Во случајов и НБМ е покриена со гаранција спрема нив издадена од ЕСМ (тогаш директор Ламбе Арнаудов), од Јавното претпријатие за станбен и деловен простор (тогаш директор сопартиецот на Георгиевски, Илија Китановски) и од „Табак осигурување (тогашна директорка Весна Таковска, снаа на тогашниот премиер). Значи, НБМ издава гаранција на ЛХБ, ама не на 2,5, туку на 5 милиони долари. Како гарант се јавува и банката „Експорт-импорт“на Смиленски.
Клопчето понатаму оди вака. „Македонска банка“ ги добива парите и на „Текстил инвест“ му одобрува кредит од 2,5 милиони долари. Во овој момент се јавува австриската фирма на Смиленски, познатата „Макотрејд“, која во меѓувреме издала фактура во вредност од 2,5 милиони долари за испорачан памук на „Текстил инвест“. До денес никој не докажал каде е памукот. Се разбира, „Текстил инвест“ издава налог до „Македонска банка“ парите да не ги префрлува на нејзина сметка, туку директно на нерезидентната сметка на „Макотрејд“ во Македонија, која, погодувате, е токму во банката „Експорт импорт“. Претпоставка е дека и овие пари во кеш се подигнати во Скопје, токму од Смиленски.
Значи, потрошени се 2,5 милиони долари. Каде се преостанатите 2,5 милиони долари, за кои државата издаде гаранција? Повторно се јавува уште една фирма на Смиленски, овојпат македонска, „Агропродукт“ од Богданци, која добива фактура од 2 милиони долари за вештачко ѓубриво од – „Макотрејд“.
Партиите на ист начин, од истата нерезидентна сметка во Скопје, се изнесени. Нејасно останува во кој дел од лавиринтот исчезнуваат 500 илјади долари и шемата на распределбата на парите помеѓу учесниците на оваа финансиска трансакција вредна околу 4,5 милиони долари, буџетски пари. Во меѓувреме, како што дознаваме, „Македонска банка“ си ја наплаќа гаранцијата вредна околу 2 милиони долара издадена од „Табак осигурување“, а за тоа веќе била подготвена и кривичната пријава против Весна Таковска.
Уште едно потсетување. И оваа распределба на цели 5 милиони долари се изврши во 2001 година, кога во Македонија се водеше војна.
А.Д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

