Свет
Ерупција на вулкан на Исланд
Чадот од најактивниот исландски вулкан Гримсвотн на југо-исток од земјата кој еруптираше во саботата навечер, се издига на надморска височина од 20 километри, пренесува Reuters во неделата. Авионските летови во радиус од 222 километри од вулканот се забранети.
„Ја затворивме за авијацијата областа на вулканот на неодредено, додека видиме какво влијание влијанието на летовите ќе има вулканската пепел“, изјавил претставникот на Одделот за цивилно воздухопловство „Исавиа“, Хордис Гудмундсдотир.Владини претставници изјавија дека активноста на вулканот нема да влијае врз летови на небоот над на Европа во следните 24 часа. Од неделата наутро, на подрачјето на вулкан силни ветрови.„Не веруваме дека ерупцијата на Гримсвотн ќе влијае на каков и да е начин врз авионскиот сообраќај од и кон Исланд, а ниту на земјата на јкаков и да е начин“, изјавил директорот за односи со јавноста на авиокомпанија „Ајслендер“, Гудн Арнгримсон.Ерупцијата може да трае неколку дена. Според весникот „Morgunbladid“, сегашната ерупција е помоќна од претходната на истиот вуклан којашто се случи во 2004 година. Гримсвотн се наоѓа во ненаселена областа на глечерот Ватнајокул.„Гримсвотн е многу силен вулкан, така што ние редовно го следиме, иако неговите неколку последни ерупции беа речиси безопасни“, изјавил геофизичарот од исландскито универзитет Пал Еинарсон кој потврдил дека не се очекува голем вулкански облак, пренесува весникот„Мorgunbladid’.Ерупсцијата на исландскиот вулкан Еијафјатлаијокудл во април 2010 година, предизвика хаос во авионскито сообраќај на целата територија на Европа.Вулканот кој не беше активен од 19-от век проработе на 20 март и веќе на 14 април почна да се исфрли на голема височина огромно количество пепел. Поради проширување на вулканскиот облак над европскиот континент, службите за безбедност во авиосообраќајот одлучија да го затвори воздушниот простор над многу области. Воздушниот сообраќај над Европа беше буквално парализирани и во чекалниците на аеродромите беа заглавени десетици илјадници патници од целиот свет кои очекуваа промена во насока на ветерот. Вулканската ерупција заврши на 23 мај а најмногу од сè страдаше туризмот. Зедничките загуби на европските туристички компании се проценуваат на 2,3 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

