Свет
На Јамајка уапсен нарко босот Дудус

Јамајканската полиција наводно го уапсила големиот нарко бос Кристофер Кок Дудус во предградие на главниот град Кингстон, објавија локалните медиуми
Кристофер Кок беше баран за да биде израчен на САД кој против него подигнаа обвинение за трговија со дроги. Одлуката на власта во Јамајка да го уапси и израчи на Вашингтон од 18-и мај предизвикаа четириседмични протести и вистинска војна меѓу безбедносните сили и платениците на „Дудус“ во најсиромашниот кварт на Кингстон каде тој е многу популарен како добротвор за најсиромашните. Во тие судири загинаа 73 лица.Јамајканските безбедносни сили неколку седмици водеа буквално битки со вооружените припадници на бандата на еден од најопасните криминалци и трговци со дрога во светот. Владата во Кингстон треба да го приведе и израчи на САД каде е обвиент за трговија со дрога и оружје. Кок во САД го очекуваа судење а доколку биде осуден спроед обвиненијата, ќе добие повеќедецениска затворска казна. Жариште на судирите беше квартот Тиволи гарденс каде израснал легендта на реге музиката, Боб Марли.Вооружените судири се проширија и во другите сиромашни квартови на Кингстон и во предградијата. Центар на судирите беше Тиволи гарденс, но платениците повремено ги напаѓаа полицајците и во другите делови од градот, при што беа нападнати и повеќе полициски станици, меѓу кои е и главната полициска станица во престолнината. Кок ја црпи моќта од својата поврзаност со владејачката партија и е еден од локалните водачи. Платениците се всушност неговата приватна војска, која е формирана во 1970-ите кога Лабуристичката партија на која и е близок Кок, како и другите партии на Јамајка формираа свои паравојски за да си обезбедат добри резултати на изборите. Во меѓувреме бандите ја преземаат трговијата со дроги но и натаму остануваат лојални на партиите кои ги основаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.