Свет
Бројoт на жртви од бомбашките напади во Багдад се искачи на 63 лица
Бројката загинати во серијата бомбашки напади што го потресоа во четвртокот наутро ирачкиот главен град Багдад се зголеми на 65, додека бројот повредени изнесува над 170, јавуваат агенциите повикувајќи се на владини и болнички извори.
Бројката загинати во серијата бомбашки напади што го потресоа во четвртокот наутро ирачкиот главен град Багдад се зголеми на 65, додека бројот повредени изнесува над 170, јавуваат агенциите повикувајќи се на владини и болнички извори. Претходно беше јавено дека во серијата од најмалку 14 експлозии во девет населби на Багдад има 57 мртви и 176 повредени. Дел од експлозиите биле синхронизирани на истите места и експлозивот повторно детониран кога луѓето притрчувале да им пружат помош на жртвите. Нападите беа извршени во квартовите Алави, Баб Ал-Муата и Карада во централниот дел на Багдад, во Адамија, Шула и Шааб населби во северниот дел, Џадриах во источниот дел, Газалија во западниот и населбите Амал и Дура во јужниот дел од ирачката престолнина.Полицијата верува дека серијата бомбашки напади во ирачкиот главен град е координиран напад изведен од терористите. Станува збор за прв поголем бомбашки напад во Ирак по официјалното повлекување на американските сили на 18-ти декември, од земјата во која последната година има големи политички тензии.Ирачките власти во понеделникот издадоа налог за апсење против заменикот претседател Тарик ал-Хашеми, кој го исповеда сунитскиот ислам, поради сомневање дека е поврзан со терористички групи, а на државната телевизија беше објавено дека неговите тројца телохранители признале оти планирале и изведувале атентати и дека ги финансирал и поддржувал заменикот претседател.Ал-Хашеми ги отфрли обвиненијата против него како фабрикувани клевети и дел од интригите на премиерот Нури ал-Малики, и изрази подготвеност да излезе пред судот во автономната ирачка покраина Курдистан, каде отпатува по издавањето на налогот за негово апсење.Сунитската коалиција Ал-Иракија, која победи на парламентарните избори во 2010 година, има 82 од 325 мандати во ирачкиот парламент, издаде соопштение во саботата, велејќи дека „од саботата тоа претставува суспендирање на нејзиното учество во парламентот и повик за отворање на тркалезна маса за да се најде решение што ќе оди во полза на демократијата и граѓанските институции“.Блокот го обвинува премиерот Малики дека го „монополизира донесувањето на сите одлуки“.Во средата, ирачкиот премиер Нури ал-Малики предупреди дека ќе назначи нови министри, доколку актуелните од Ал-Иракија не присуствуваат на седниците на владиниот кабинет. Ирачкиот премиер, исто така, ги повика сите политички групи во земјата да помогнат во решавањето на кризата во земјата.Ал-Иракија претставува политичка коалиција составена од Партијата за обнова на Хашими, Ирачката национална листа предводена од поранешниот премиер Ијад Алави и Ирачкиот фронт за национален дијалог предводен од Салех ал-МултагОдносите меѓу шиитите и сунитите станаа многу тензични по соборувањето на режимот на претседателот Садам Хусеин и инвазијата на меѓународните сили предводени од САД во 2003 година. Припадници на двете исламски верски групации често се мета на напади од нивните релиогиозни неистомисленици.Според пописот 1997 година, 66 отсто од населението на Ирак се сунитски муслимани, а 34 проценти се шиити. Премиерот Нури ал-Малики и’ припаѓа на , шиитската заедница, додека неговиот Мултаг и потпретседател Ал-Хашими го исповедаат сунитскиот ислам./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Путин: 2025 година „значајна пресвртница“ во воената кампања, „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината
Рускиот претседател Владимир Путин денес тврдеше дека руските сили презеле стратешка иницијатива на целиот фронт во Украина, ветувајќи проширување на таканаречената тампон зона.
Путин тврди дека руските сили ја имаат иницијативата, дека окупирале повеќе од 300 населени места во текот на 2025 година и дека се подготвени да ја забрзаат офанзивата, пишува Киев Пост.
„Оваа година беше пресвртница“
Зборувајќи на состанокот на одборот на руското Министерство за одбрана, Путин оцени дека 2025 година е „значајна пресвртница“ во воената кампања. Според него, руските сили се способни да ги забрзаат офанзивните операции во „стратешки важните области“ на фронтот, пренесуваат медиумите.
Putin:
The Russian Army firmly maintains the strategic initiative along the entire line of contact.
Russian forces are successfully wearing down, among others, elite units of the Ukrainian Armed Forces, including formations trained in the West.
The Russian Army is capable of… pic.twitter.com/7QpCytHld8
— Clash Report (@clashreport) December 17, 2025
„Руските вооружени сили го уништуваат непријателот, вклучително и нивните елитни единици обучени во западните воени центри“, рече тој.
Путин се пофали и со модернизацијата на морнарицата, наведувајќи дека руската морнарица добила нови подморници во 2025 година, како и 19 површински бродови и помошни бродови.
Тој рече дека Русија успешно ги тестирала своите нуклеарни крстосувачки ракети „Буревестник“ и подводниот дрон „Посејдон“, нагласувајќи дека системите „веќе постојат“ и дека ќе продолжат да се подобруваат.
Додаде дека вториот систем, ракетата „Орешник“, ќе биде „ставена во борбена готовност до крајот на годината“.
Putin:
The goals of the “SMO” will be unconditionally achieved.
We would prefer to eliminate the root causes of the conflict through diplomacy, but if dialogue with us is refused, Russia will achieve the “liberation” of its “historical lands” by military means. pic.twitter.com/nKZ4AwZjZV
— Clash Report (@clashreport) December 17, 2025
Во исто време, Путин ги отфрли предупредувањата за можен руски напад врз Европа како „лаги и бесмислици“.
„На луѓето во Европа им се всадува страв од наводно неизбежен конфликт со Русија, но тоа е лага и едноставно е бесмислица“, рече Путин, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Кина се противи на конфискацијата на замрзнатиот руски имот
Кина е против какви било еднострани дејства што го кршат меѓународното право и не се одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун, коментирајќи ја ситуацијата во врска со конфискацијата на замрзнатите руски средства.
Гуо изјави за „Спутник“ дека сите страни треба да создадат позитивна атмосфера и позитивни услови за решавање на украинската криза, а не обратно.
Тој истакна дека Кина води независна и мирна надворешна политика и дека нејзината позиција во врска со украинскиот конфликт е конзистентна и јасна, односно дека ги поддржува сите напори насочени кон постигнување фер, траен мировен договор што е можно побргу преку дијалог и преговори.
На 12 декември Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на руските средства.
Европската комисија очекува дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра замрзнати руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани во Euroclear во Белгија.
Белгија се спротивставува на конфискацијата и бара од земјите членки на ЕУ гаранции дека земјите ќе го споделат ризикот во случај на последици од таков потег.
ЕУ ѝ понуди на Белгија три гаранции во врска со конфискацијата на руски средства со цел да ја поддржи Украина, но белгиските власти сметаат дека тоа не е доволно за земјата да се одлучи за таков чекор, објави „Политико“, пренесува „Танјуг“.
Во меѓувреме, Централната банка на Русија поднесе тужба против Euroclear за сума од речиси 193 милијарди евра поради обидот на Европската Унија да заплени замрзнати руски средства.
Фото: депозитфотос
Регион
Храната за бебиња „аптамил АР1“ повлечена од пазарот во Хрватска
Поради зголеменото присуство на бактеријата Bacillus cereus, хрватскиот Државен инспекторат го повлече од пазарот „аптамил АР1“, формула за бебиња, произведена од Nutricia Export BV од Холандија, соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH).
Ова е исклучиво за производот од 400 g (храна за посебни медицински потреби) со рок на траење до 17.5.2026 година и ЛОТ: 111444865. Дистрибутер на производот на хрватскиот пазар е AWT International d.o.o.
Производот не е во согласност со регулативата на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на општите принципи и барања на законодавството за храна, основање на Европскиот орган за безбедност на храната и утврдување процедури во прашањата за безбедност на храната и водичот за микробиолошки критериуми за храна, објави 2Индекс.хр“.

