Спорт
НБА: Победи на Лејкерси, Њујорк, Чикаго, Оклахома…
Седум победи на гостинските екипи на 12-те натпревари кои се одиграа во НБА лигата, каде Чикаго ја продолжи победничката серија, а Коби Брајант со 39 и Кармело Ентони со 37 поени беа најефикасни играчи, на одиграните натпревари.
Седум победи на гостинските екипи на 12-те натпревари кои се одиграа во НБА лигата, каде Чикаго ја продолжи победничката серија, а Коби Брајант со 39 и Кармело Ентони со 37 поени беа најефикасни играчи, на одиграните натпревари.Лејкерси во комшијскиот дуел го победија Голден Стејт со 97:90, Коби постигна 39 поени со одличен процент на реализација, погоди 13 од 28-те удари од поле. Одличен во тимот од ЛА беше и Пау Гасол со 17 поени и 11 скокови. Кошаркарите на Њујорк забележаа тесна победа во главниот град на САД, Мело Ентони со 37 поени беше предводникот во победата, додека Амари Стадемер на 23-те поени придодаде 12 скока. Џон Вол со 24 поени беше најпрецизен во екипата на Вашингтон, која и во седмиот дуел сезонава не успеа да забележи победа. Чикаго, предводен од троецот Роуз-Бузер-Денг победи во Орландо, во дербито на Истокот со 97:83. Булси ја забележаа седмата победа во осмиот натпревар сезонава, Роуз и Денг постигнаа по 21, а Бузер еден поен помалку, но имаше и 13 скока. Најдобриот дефанзивец во лигата, Двајт Хауард со 28 поени и 15 скокови беше најекспониран кај Орландо.Добриот стар на сезоната го продолжи и Оклахома, Дурент и екипата победија против Хјустон со 109:94. Дурент постигна 26, а Харден 23 поени. Индијана во Бостон ги совлада Селтикси со 87:74, во натпревар, во кој шестмина кошаркари на Пејсерси постигнаа двоцифрен број на поени. Атланта, втор натпревар по ред играше продолженија, но за разлика од мечот со Мајами, каде Хоукси беа поразени, овојпат тие го совладаа Шарлот. Џош Смит со 23 поени и 13 скока ја предводеше Атланта до победата од 102:96. На другите натпревари:Торонто-Њу Џерси 85:97Филаделфија-Детроит 96:73Њу Орлеанс-Денвер 88:96Минесота-Кливленд 87:94Јута-Мемфис 94:85Феникс-Портланд 102:77. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април
Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас.
Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати договор од Далас во 2026 година.
„Тоа е нивна одлука и немам коментар за тоа. Не знам што направија. Апсолутно ниту една приказна дека нема да го прифатам договорот не е вистинита“, изјави Дончиќ.
Дали има што да докажува?
„Да. Ја сакам титулата. Не доаѓате овде за ништо друго. Имам се да покажам и докажам и ја сакам титулата”, рекол Лука.
Пред неколку години во подкаст рече дека би сакал да си игра со Леброн, а сега ќе игра со него, а тренер ќе му биде Џеј Џеј Редик, авторот на тој подкаст.
„Остварен сон. Отсекогаш му се восхитував на Леброн и има многу што можам да научам од него… Мислам дека двајцата ќе ги подобриме нашите соиграчи, ќе им помогнеме на сите затоа што сме исклучително интелигентни кошаркари. Возбуден сум што ќе работиме заедно и ќе се подобруваме секој ден“.
Мислеше дека цела кариера ќе ја игра во Далас, но …
„Искрено, на почетокот беше тешко, се чувствував како да помина еден месец иако поминаа само два. Беше многу емотивно и тешко, а денес е многу подобро и среќен сум што сум тука. Ова се Лејкерс. Еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката“, рече Словенецот и дополни.
„Сите беа изненадени, а можете да замислите колку јас бев изненаден. Кога се разбудив не можев да верувам и мислев дека е 1. април. Ова се тешки моменти за мене, но имам можност да играм за најголемиот клуб во светот и мислам дека ова е одлична можност за мене“.
Леброн го сака Дончиќ, што е исто така важно, а што му кажа?
„Веднаш ми се јави. Беше во Њујорк и не разговаравме многу бидејќи ми рекоа дека знае како се чувствувам и ми беше убаво што веднаш ми се јави и ми посака добредојде во Лос Анџелес“, вели Дончиќ.
Спорт
Симона Халеп замина во пензија
Романската тенисерка Симона Халеп одлучи да се повлече од професионалниот тенис.
Девојката од Констанца е двократна Грен слем шампионка, го Ролан Гарос во 2018 година и Вимблдон во 2019 година.
Во тој период таа беше најдобрата тенисерка на светот, првопласирана на ВТА листата.
Таа беше во центарот на допинг скандал кога беше суспендирана, по што следеше и нејзиниотпад.
Во моментот кога го објави своето пензионирање, таа се наоѓа на 868. место на ВТА ранг-листата.
Неодамна во интервју за романски „Golazo.ro“ најави повлекување поради тешка повреда на коленото.
Спорт
Србија и Албанија домаќини на ЕП за фудбалери до 21 година
Србија и Албанија ќе бидат домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година.
Шампионатот ќе биде отворен на стадионот „Караѓорѓе во Нови Сад“, додека финалето ќе се игра на националниот стадион во Тирана, кој ги исполнува стандардите за финален натпревар од вакво натпреварување.
Бидејќи се одржува во годината пред Олимписките игри, ова ќе биде и квалификациски турнир за Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, каде место ќе обезбедат најдобрите четири европски селекции.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покажа доверба во Србија и Албанија да организираат многу сериозно натпреварување, на кое ќе учествуваат 16 репрезентации.
Србија ќе биде домаќин во Нови Сад, Лесковац, Лозница и Зајечар, а градови домаќини во Албанија ќе бидат Тирана, Скадар, Драч и Елбасан.
Да потсетиме, овогодинешното издание на ЕП за фудбалери до 21 година го организира Словачка, а титулата ја брани Англија.