Македонија
Се излеа и реката Грашница

Реката Грашница денеска се излеа во реони од населбата Воска поплавувајќи повеќе дворови и куќи. Најкритично е во делот на новоизградениот цевковод кој не може да ја прими надојдената вода.
Реката Грашница денеска се излеа во реони од населбата Воска поплавувајќи повеќе дворови и куќи.
Најкритично е во делот на новоизградениот цевковод кој не може да ја прими надојдената вода. Таа извира од земја и навлегува во куќите.
„Ситуацијата станува критична се обидуваме покрај положените цевки да направиме друг одвод за да се исцеди водата од бавчите и од куќите и се надевам дека за неколку часа ќе го решиме овој проблем“, изјави Сашо Алчев, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
Со механизација се проширува коритото околу тесниот цевковод за да се зголеми протокот на вода, а на повеќе критични места се градат насипи со вреќи од песок, но надлежните се загрижени дали тоа ќе биде доволно.
„Сите реки се високи а она што натаму загрижува е и восокото ниво на Охридското Езеро и протокот на вода по реките кои се вливаат е многу отежнат. Брзината на истекот на водата од реките е забавен поради високиот водостој на Охридското Езеро, истакна Алчев.
Населбата Воска беше погодена од поплава и пред неполни два месеци кога исто така дојде до излевање на Грашница.
Граѓаните реагираат дека проблемот е во несоодветно изградениот цевковод кој според нив треба да се отстрани. Тие бараат да се изгради корито, со што ќе се реши проблемот со излевање на реката Грашница./охридњуз/гм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.